Махмуд Абас го осуди убиството на лидерот на Хамас

July 31, 2024
1 min read

Палестинскиот претседател Махмуд Абас остро го осуди убиството на политичкиот лидер на Хамас, Исмаил Ханија, во Техеран, пренесе агенцијата Вафа.

Британските медиуми јавуваат дека палестинските национални и исламски фракции повикаа на генерален штрајк и масовни демонстрации по убиството на Ханија.

Иранската револуционерна гарда утринава соопшти дека Ханија и неговиот телохранител биле убиени во Техеран, каде лидерот на Хамас присуствувал на инаугурацијата на иранскиот претседател Масуд Пезешкијан.

Никој не ја презеде одговорноста, но се сомнева дека зад убиството стои Израел, кој претходно вети дека ќе ги убие лидерите на Хамас за нападот на групата на 7 октомври, пренесоа американските медиуми.

Хамас убиството го оцени како „сериозна ескалација“ и се закани со „војна за ослободување на Ерусалим“.

Израел засега не излезе со изјава за убиството, што е често случај кога станува збор за атентати извршени од израелската разузнавачка агенција Мосад, наведуваат американските медиуми.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Туркије најостро го осуди атентатот на Исмаил Ханије: „Нападот има за цел ширење на војната во регионот“

Следно

Последен ден од акцијата на ЈП Водовод за отплата на долговите без пресметка на камата

Latest from Blog

СДСМ: И во Кривогаштани куп бактерии во водата за пиење

СДСМ преку соопштение обвини дека проблемот со безбедноста на водата за пиење во Македонија добива пошироки размери, откако, според партијата, во јавна чешма во Кривогаштани биле утврдени бактерии кои ја прават водата
Go toTop