СКИЦИ И ЦРТЕЖИ ОД СОЗДАВАЊЕТО НА МУРАЛОТ „ИЛИНДЕН 1903“ НА ЛАЗЕСКИ ЌЕ СЕ ИЗЛОЖАТ ВО МУЗЕЈОТ НА МАКЕДОНСКАТА БОРБА

July 30, 2024
1 min read

Изложбата „Анатомија на муралот – Илинден  1903, Борко Лазески“ ќе биде отворена утре во 19:30 часот во Музејот на македонската борба за самостојност. Изложбата се отвора во чест на 121 година од Илинденското востание и 80 години од Првото заседание на АСНОМ – темелникот на македонската државност, а содржи селекција од 24 скици и цртежи, изработени од Лазески, кои послужиле како план за монументалната фреска „Илинден 1903“. Тие за првпат ќе бидат претставени пред македонската публика.

Авторка е Марија Коробар, а изложбата се организира во соработка со Асоцијацијата за култура ИКОН од Скопје.

„Делото е создадено во 1950 година и изложено на Есенскиот салон на Друштвото на македонски ликовни уметници, а истата година е поставено во Домот на ЈНА. Зградата на домот беше разурната во земјотресот од 1963 година, а фреската ‘Илинден 1903’ уништена. По неколку обиди да се обнови, конечно во 1991 година, Лазески ја реизведува фреската ‘Илинден 1903’ според оригиналните шеми, во Хотелот ‘Монтана’ во Крушево каде се наоѓа и денес“, велат од Музејот.

Лазески (1917-1993) е македонски ликовен уметник кој се смета за предвесник на првата повоена генерација на академски образувани уметници во Македонија. Во 1933/34 година Лазески се запишал  на Ликовната академија во Белград. Дополнително го продолжува школувањето во Бугарија, на Државната уметничка академија во Софија, каде ги завршува студиите во 1943. Како стипендист на француската влада во почетокот на 1945 година се запишува на париската Висока национална школа за ликовна уметност во одделот за фрескосликарство на Дикос де ла Ај. Тука ги проучува монументалните техники, што подоцна ќе станат негова уметничка определба.

Во почетокот на 1945 учествува во формирањето на уметничката школа во Скопје и е еден од основачите на Друштвото на ликовните уметници на Македонија (ДЛУМ). Лазески е прв в. д. директор на Уметничката галерија во Скопје, формирана во 1948.

Изложбата ќе биде отворена до 30 ноември.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Голем пожар кај Сплит, повеќе од 100 пожарникари го гаснат

Следно

Русија започна голема поморска воена вежба со 300 воени бродови

Latest from Blog

Трафигура, мнозински сопственик во проектот за рудникот „Иловица–Штука“, инвестира над една милијарда долари во американски рафинерии

Трафигура, мнозински сопственик на Еуромакс Ресоурцес, компанијата концесионер на проектот за рудникот Иловица–Штука, склучи стратешки договори со американската компанија CVR Energy за поддршка на нејзиното планирано преземање на две рафинерии во САД.

Проданоски: Честит 3 Ноември, вечна почит за хероите што ни оставија слободен Прилеп

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, упати честитка по повод 3 Ноември – Денот на ослободувањето на градот, оддавајќи почит на борците и повикувајќи на заедничка работа за подобри услови за живот и

ЖРСМ Транспорт: Препораките на ревизорите ги претвораме во конкретни мерки

ЖРСМ Транспорт АД – Скопје со целосна институционална одговорност постапува по препораките содржани во Конечниот извештај на Државниот завод за ревизија. Препораките ги прифаќаме како важна основа за унапредување на законитоста, транспарентноста,

Општина Битола: Промовиран филм за музичкото наследство на Ајри Демировски

Документарниот филм „Битола, мој роден крај“, посветен на животот, творештвото и споменот на Ајри Демировски, синоќа беше промовиран во рамките на програмата „Сите бои на сеќавањето“, со која се одбележува Денот на

Николоски: Инфраструктурата и капиталните вложувања во фокусот на средбата со германските компании

Владина делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски денеска остварила бизнис-средба со претставници на германски компании од Северна Рајна-Вестфалија кои веќе работат во Македонија, информираше вицепремиерот Александар Николоски. Во фокусот биле можностите за
Go toTop