Сега и десницата сака да канселира

July 19, 2024
1 min read

Tри дена по обидот за атентат врз Доналд Трамп, основачката на Икс профилот „Libs of Tiktok“ порача дека ги става сите расположиви ресурси за да ја раскринка радикалната левица која „фантазира за убивање на претседателот Трамп“.

Се работеше за објави на социјалните мрежи после пукањето, од типот „штета што промаши“ или „малку подесно следниот пат“. Раичик набргу се пофали дека десетмина излудени левичари веќе се отпуштени од своите работни места. Не баш звучни и моќни професии: физиотерапевт, пар медицински сестри и учители, агент за недвижнини, благајник….

Ваквото „пржење“ наиде на мешан прием. Некои потсетија дека отпуштањето случајни луѓе поради неумерени позиции е токму она што Раичик долго време го осудуваше како „кансел култура“. Други победнички славеа.

Вториве не се едногласни што треба да се постигне со тоа. Едни признаваат дека им е само убаво чувството на „вратка,“ други се убедени дека само така ќе се постигне примирје во разгорената културна војна – кога и левичарите ќе почнат да се плашат дека и по нив ќе дојде канселирањето.

„Претпоставката е дека левичарското канселирање било ефикасно па затоа и десницата треба да го следи тој пример- дали за да постигне рамнотежа или пак целосна културна доминација,“ пишува Гоф Шаленбергер.

Имало и други кансел култури но оваа актуелната почна пред нешто повеќе од една деценија: во 2013 година, ПР менаџерката со само 170 Твитер следбеници, Џастин Сако, несмасно, глупо и неуспешно смешно го најави своето одење во Јужна Африка. „Се надевам дека нема да добијам СИДА. Се шегувам. Јас сум бела!” За нејзина несреќа, тоа заврши во медиумите, таа за момент стана „главна“ фаца на Твитер, доби отказ, смртни закани и сè по ред.

Овој инцидент илустрира неколку карактеристики специфични за феноменот на културата на откажување од 21 век. Прво, медиумите имаат извесна улога но клучен фактор е активирање на онлајн гневот.

Друга суштинска карактеристика е широчината на казната. Пред социјалните медиуми, некоја како Сако можеби била отпуштена затоа што кажала шега што го навредила шефот, или пак би изгубила пријатели ако се излајала на шанк. Тоа се ограничени простори. Денешното канселирање доведува до целосно уништување на репутацијата, каскадно низ сите сфери на животот на поединците, притоа давајќи им непосакуван јавен профил и блам.

Сепак, „прогресивната“ онлајн толпа, без оглед на бројните поединечни скалпови, не успеаја да создадат таков левичарски консензус кој, на пример, би го спречил изборот на Трамп.

Тоа нема да успеат ни десничарските толпи, уште повеќе што ефикасноста на канселирањето е во опаѓање, меѓу другото и затоа што во меѓувреме се случи расчленување и рефрагментација на нови платформи. Со фрагментиран дигитален јавен простор, денес е потешко да бидете „консензуален негативец“, макар на еден ден, каква што своевремено беше Сако.

 

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Манчестер Јунајтед во трка за потпис на Чави Симонс

Следно

ВЕСНА МИТЕВСКА Е ПРВАТА ДИРЕКТОРКА НА „ТАНЕЦ“ ЗА 75 ГОДИНИ

Latest from Blog

НАПАДНАТА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА: Покрената е итна истрага за инцидентот

Европската комисија истражува сајбер напад врз нејзините веб-страници, а првичните наоди укажуваат дека некои податоци можеби се украдени, објави денес ЕК. Извршното тело на ЕУ изјави дека нападот е откриен во вторник

ФОТО: Скијачката сезона на Попова Шапка продолжува!

Ски-центарот работи секојдневно со одлични услови и подготвени патеки за сите љубители на зимските спортови, информираат од Ски центарот на Попова Шапка. -Почитувани посетители, скијачката сезона на Попова Шапка продолжува! Ски центарот

Проданоски: Прилеп ја негува и развива културната сцена

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Продановски, вечерва присуствуваше на изложбата и мултимедијалниот перформанс „Оган“ на академската уметница Бојана Артиноска. Настанот се одржа во духот на современ уметнички израз, носејќи силна визуелна енергија и

Избрани се четворица обвинители во ОЈО ГОКК

Државниот јавен обвинител Ненад Савески рече дека не учествувал во интервјуата на кандидатите, но ги проучил материјалите за сите осум кандидати за обвинители во ОЈО ГОКК. Сепак, додаде дека ги познава сите

Милевски разочаран од поразот: “Срамотен настап, изгледаше како играчите и селекторот првпат да се гледаат“!

И Украина исто како Македонија, вчера во полуфиналето од плеј – офот за пласман на СП, беше убедливо поразена од селекцијата на Шведска и тоа со 1:3. Болен пораз за Украинците по
Go toTop