Отворена оперативна акција „Пожар 2024“: Целосна мобилизација на МВР во спречување и справување со пожарите

July 18, 2024
1 min read

Во Mинистерството за внатрешни работи денеска се одржал координативен состанок на министерот за внатрешни работи ПанчеТошковски, директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев и началниците на секторите за внатрешни работи и други организациски единици во МВР на кој тема била целокупната состојба со пожарите што ја зафатија нашата држава, активностите што ги презема МВР заедно со другите институции за нивно гасење и активностите за превенција од настанување на нови пожари.

Како што соопшти МВР, на состанокот е донесен заклучок за целосно мобилизирање на сите расположливи човечки и технички ресурси на Министерството под оперативна акција „Пожар 2024“.

-Со оваа оперативна акција сите материјално-технички средства со кои располага МВР, ќе бидат ставени во функција на справување со пожарите. Секторите за внатрешни работи како регионални единици на МВР ќе бидат постојано на терен со зголемено присуство и тесно ќе соработуваат со останатите сектори како Одделот за специјални полициски операции, Одделот за воздухопловни единици, Одделот за гранични работи и миграција, Крим полицијата и други оддели при Бирото за јавна безбедност. Присуството на полицијата на терен ќе биде зголемено. Постојат индиции дека дел од пожарите се подметнати и ќе бидат преземени сите неопходни мерки за расчистување на случаите и санкционирање на сторителите, наведуваат од МВР.

Воедно, се апелира до граѓаните да бидат исклучително внимателни кога се движат во природа, а доколку забележат какво било сомнително движење или активности, веднаш да пријават во најблиската полициска станица или на телефонот 112.

-Секоја активност во насока на намерно или ненамерно предизвикување на пожари ќе биде санкционирана најстрого во рамките на законските норми, порачуваат од МВР. 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Урсула фон дер Лајен реизбрана за претседателка на Европската комисија

Следно

Секој трети симпатизер на Бајден верува дека пукањето врз Трамп е местено

Latest from Blog

Wolt слави една година во Скопјe, поддржувајќи ја секојдневната удобност и растот на локалните бизниси

Во Скопјe, корисниците нарачуваат во текот на целиот ден, а покрај од рестораните, корисниците преку Wolt нарачуваат и намирници, производи за здравје и убавина, производи за домашни миленици, цвеќиња и електронска опрема.

ВМРО-ДПМНЕ: Ристоска ја прикажува оставката како жртва, но станува збор за личен политички потег

Со внимание ја проследивме оставката на Ленче Ристоска, која до пред само еден месец самоуверено тврдеше дека дошло времето токму таа да застане на чело на обвинителството и да ја донесе толку
Go toTop