Урсула фон дер Лајен реизбрана за претседателка на Европската комисија

July 18, 2024
1 min read

Европскиот парламент попладнево со тајно гласање ја реизбра Урсула фон дер Лајен за претседателка на Европската комисија.  

„За“ реизборот на Фон дер Лајен гласаа 401 европратеници, 284 беа „против“, а 15 се „воздржаа“ од гласање. Вкупно гласаа 707 европратеници, а при што седум гласови беа прогласени за неважечки. 

Фон дер Лајен, која доаѓа од редовите на Христијанско демократската унија на Германија (ЦДУ), членка на десноцентристичката Европска народна партија (ЕПП), за претседателка на Еврокомисијата беше номинирана од страна на шефовите на држави или влади на земјите членките на ЕУ на нивниот Самит одржан на 27 јуни во Брисел. 

Номинацијата на Фон дер Лајен беше врз основа на договорот меѓу ЕПП, Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите (СД) и либералната група „Да ја обновиме Европа“ (РЕ) за распределба на водечките функции во ЕУ.   

Пред гласањето групата Левица достави предлог за одлагање за изборот за во септември додека не се расчисти случајот со одлуката на Општиот суд при Европскиот суд на правдата, кој вчера оцени дека Европската комисија не и обезбедила на јавноста доволен пристап до информации за зделките за набавки на вакцини против Ковид-19 направени со фармацевтски компании за време на корона пандемијата. Предлогот беше одбиен со 531 глас, 101 европратеник гласаа „за“, а осуммина беа „воздржани“.

Извор: 24vesti.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Началниците на генералштабовите на Туркије и на Северна Македонија остварија средба во Анкара

Следно

Отворена оперативна акција „Пожар 2024“: Целосна мобилизација на МВР во спречување и справување со пожарите

Latest from Blog

Нападот врз новинарите во Визбегово – Обвинителството поднесе обвинение против две лица

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против две лица поради попречување на работата на новинарите за време на известувањето за пожарот на депонијата во Визбегово. На 9 јули, на улицата „Индира Ганди“,

Сојузот на здруженија на лозари бара плаќање на грозјето според шеќерни единици, инспекции кај откупувачи, субвенции за модернизирање за намалување на трошоците за производство

„По објавувањето на цените за килограм грозје, иако овие цени се највисоки досега, револтот кај лозарите е очигледен, бидејќи овие цени не соодветствуваат со трошоците за производство на килограм грозје. Цените на

Хоспитализиран тренерот на Аталанта

Хрватскиот стратег на клупата на Аталанта, Иван Јуриќ, го пропушти почетокот на подготовките на калчолигашот поради здравствени проблеми. Аталанта соопшти попладнево дека здравствената состојба на Јуриќ се подобрува и се очекува наскоро
Go toTop