Арсовска во посета на дневен центар за престој на деца во ризик во Шуто Оризари

February 9, 2023
1 min read

Градоначалничката на градот Скопје, Данела Арсовска заедно со градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш, денеска го посетија Дневниот центар за престој на деца во ризик „Патека на надежта“ каде се запознаа со стручниот тим на Здружението на граѓани за иницијатива за развој и инклузија на заедниците, како и со децата корисници на услугите на центарот.

Дневниот центар го користат дечиња на возраст од шест до 10 години, со цел да воспостават здрави хигиенско-диететски навики, да се стекнат со животни вештини преку посебни програми, како и да добијат поддршка за полесен пристап и редовно следење на образовниот процес.   

Во дневниот центар стручниот тим кој секојдневно работи со децата е составен од социјален работник, педагог, психолог и помошен персонал.  Градот Скопје продолжува континуирано да поддржува значајни проекти за подобрување на квалитетот на животот на децата во ризик и социјално ранливите категории на граѓани.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Искривена пруга ја покажува јачината на земјотресот што ја погоди Туркије

Следно

(ФОТО) Ова се петте најлоши земјотреси во 21 век: Еден уби над 300 000 луѓе

Latest from Blog

САУДИСКА АРАБИЈА ТРГНУВА ВО ОФАНЗИВА

Саудиска Арабија подготвува голема воена офанзива против јеменските Хутити, со цел да ги поништи нивните неодамнешни успеси со кои ја презедоа контролата врз клучниот теснец Баб ел-Мандеб, витална жила куцавица за глобалниот

Аргентина немаше милост и со 7:0 ја растури Буркина Фасо, во меч кој за малку немаше да се одигра (Видео)

Аргентина убедливо со 7:0 славеше над селекцијата на Буркина Фасо во контролен меч. Вистинска драма се случуваше пред мечот. Африканската селекција која е на 62 место на ФИФА листата одби да патува

Нов потег на Путин: Русите вежбаат со Кинезите, пристигна нуклеарно предупредување

Путин го посети воениот полигон во регионот Чељабинск за да ја следи завршната фаза од вежбата „Центар-2026“. Вежбата се одржа во склоп на вежбата „Интеракција-2026“, спроведена од членките на Организацијата на Договорот
Go toTop