Искривена пруга ја покажува јачината на земјотресот што ја погоди Туркије

February 9, 2023
1 min read

КАХРАМАНМАРАШ (АА) – Покрај многуте апокалиптични сцени од градовите на југот на Туркије, снимката од пругата во градот Кахраманмараш сликовито ја покажува силата на земјотресот што погоди десет турски области, јавува Анадолу.

Оштетената железничка пруга во дистриктот Туркоглу во Кахраманмараш јасно ја покажува силата на земјотресот, а пругата необјасниво доби сосема поинаков облик.

Земјотрес со јачина од 7,7 степени по Рихтер ја погоди јужна Туркије утрото во понеделникот. Епицентарот на земјотресот е регистриран во округот Пазарџик во Кахраманмараш.

Турските области Газиантеп, Шанлиурфа, Дијарбакир, Адана, Адијаман, Малатија, Османије, Хатај и Килис се исто така тешко погодени од земјотресот. Потоа, нов земјотрес со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала го погоди дистриктот Елбистан, исто така во Кахраманмараш, во понеделникот во 13:24 часот.

Досега најмалку 16.170 лица загинаа во земјотресот во Туркије.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Вечерва и официјално се очекува одлуката дали Алијанса ќе влезе во Владата – Гаши молчи и повторно му намигнува на Мицкоски?

Следно

Арсовска во посета на дневен центар за престој на деца во ризик во Шуто Оризари

Latest from Blog

Тошковски од Мала Преспа: македонскиот дух тука живее силно и гордо

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заедно со министрите за надворешни работи Тимчо Муцунски и министерот за култура Зоран Љутков се во посета на македонците во Мала Преспа каде присуствуваат на фестивалот

Бериша: За 10 години Албанија ја напушти 45 отсто од популацијата поради нарко диктатурата

Лидерот на најголемата албанска опозициска Демократска партија и поранешен премиер, Сали Бериша во обраќањето на Парламентарното собрание на ОБСЕ, што се одржува во Порто, Португалија изјави дека за една деценија 45 отсто

СДСМ објави нови 11 кандидати за градоначалници, во Струмица наместо Костадинов ќе се трка Даскаловски

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче вечерва на прес-конференција објави уште неколку имиња на кандидати за градоначалници на партијата за претстојните локални избори. Прашан зошто актуелниот струмички градоначалник Костадин Костадинов нема да бара

Во Ирак се одржа Фестивал на убавина за мачки

СКОПЈЕ (АА) – Во организација на Кралската ветеринарна болница, во ирачкиот град Сулејманија денес се одржа второто издание на Фестивалот на убавина за мачки, каде што љубителите на мачки се собраа за
Go toTop