Алтун: Извојуваната победа е еден од најчесните отпори во историјата на демократијата во Туркије и во целиот свет

July 15, 2024
3 mins read

ИСТАНБУЛ (АА) – Ноќта на 15 јули 2016 година беше извршен предавнички обид за државен удар со цел да се собори демократски избраната турска Влада. Обидот за државен удар што го изврши терористичката организација ФЕТО започна со затворање мостови во Истанбул и носење тенкови на улиците, изјави шефот на Дирекцијата за комуникации на Претседателството на Република Туркије, Фахретин Алтун, јавува Анадолу.

Денес е осма годишнина од неуспешниот обид за државен удар во Туркије, кога припадници на терористичката организација ФЕТО се инфилтрираа во државните институции и се обидоа да ја соборат демократски избраната Влада во таа земја.

„Беа бомбардирани многу државни институции и организации, вклучително и Големото народно собрание на Република Туркије, претседателската палата и полицискиот штаб во Анкара. Кратко по нападот беше јасно дека не се работи за немил настан, туку за координиран напад. Тимовите на пучистите на ФЕТО извршија напад со цел да го убијат нашиот претседател Реџеп Таип Ердоган. На повик на нашиот претседател, кој беше емитуван на националната телевизија, нашиот народ излезе на улиците да ја брани својата демократија. Милиони наши граѓани цела ноќ се бореа против терористичката организација што беше одговорна за обидот за државен удар“, потсети Алтун.

Тој изјави дека утрото на 16 јули, благодарение на напорите на Турските вооружени сили, Генералниот директорат на полицијата на Република Туркије и турскиот народ кој застана во одбрана на својата демократија, предавничкиот обид за државен удар е спречен, а пучистите приведени.

„За време на обидот за државен удар загинаа 252 лица, војници и цивили, а 2.740 беа ранети. Херои, како шехидот Омер Халишдемир, кој ноќта на 15 јули се бореше со сето свое битие за да ја заштити Командата на специјалните сили и да го неутрализира генералот што беше еден од креаторите на пучот, станаа бариера против пучистите. Нашите граѓани, ризикувајќи ги своите животи, успеаја да ги неутрализираат пучистите што се обидоа да ги убијат на блокираниот Босфор. Ова е еден од оние историски моменти кога на тест беа единството и одлучноста на нашиот народ“, изјави Алтун.

Според неговите зборови, од првите моменти на обидот за пуч, турската Влада презела мерки за воспоставување ред и носење на сторителите пред лицето на правдата.

„Во изјавите на нашиот претседател и државните функционери за време на овој процес беше откриено дека обидот за државен удар го извршила нелегална група што се инфилтрирала во Турските вооружени сили. Стана јасно дека ФЕТО стои зад обидот за пуч. Откриено е дека лидерот на организацијата со престој во САД го извршил овој предавнички чин со својата паралелна структура во државата. Победата што беше извојувана е еден од најчесните отпори не само во историјата на демократијата во Туркије туку и во целиот свет“, рече Алтун.

Тој нагласи дека Туркије, која денес ја продолжува својата борба, очекува солидарност од пријателските и сојузничките земји, особено во однос на екстрадицијата на бегалците и лидерите на ФЕТО што побегнаа во странство.

„Иако многу земји од меѓународната заедница покажаа поддршка и солидарност со Туркије, реакцијата на некои наши сојузници на обидот за државен удар беше несоодветна. Начинот на кој беше покриен обидот за пуч во медиумите на споменатите земји беше далеку од тоа да ја задоволи Туркије. Меѓународно одговорните западни медиумски организации се обидоа да го поедностават тоа што се случи ноќта на 15 јули. Тие го претставија крвавиот обид за државен удар насочен кон демократијата на нашата земја како ‘конфликт меѓу две страни’. По предавничкиот обид за државен удар на 15 јули имаше многу обиди за екстрадиција на лидерот на организацијата со седиште во Пенсилванија, но, за жал, немаше позитивен одговор по ова прашање од САД, кои се и наш сојузник. Нѐ растажи ваквиот став и покрај постоењето на закана за нашата демократија“, рече Алтун.

Тој нагласи дека „тие се свесни дека ФЕТО продолжува да дејствува во различни области, вклучително и нашите земји сојузници“.

„Ќе продолжиме да се бориме на сите полиња против оваа терористичка организација, која ја загрозува безбедноста не само на Туркије туку и на сите земји во чии граници постои. Како земја што по предавничкиот пуч дополнително ги зајакна своите демократски институции, нашата борба против терористичката организација што ги загрозува животите на нашите граѓани и независноста на нашата земја ќе продолжи на сите полиња. Заштитувајќи ги независноста и иднината на Туркије, ќе продолжиме да им оддаваме почест на нашите граѓани што ги жртвуваа своите животи таа крвава ноќ“, додаде Алтун.

– ФЕТО како опасност за сите земји во кои дејствува –

Терористичката организација ФЕТО е одговорна за крвавиот обид за пуч во Туркије ноќта на 15 јули 2016 година.

Станува збор за терористичка организација предводена од Фетула Ѓулен, кој престојува во Соединетите Американски Држави, чија екстрадиција Туркије официјално побара од САД.

Припадниците на оваа терористичка организација со години напредуваа во службата со местење испити, со што се инфилтрираа во институциите на државата. Потоа, прво во декември 2013 година, поддржувачите на ФЕТО инфилтрирани во судството на Туркије се обидоа да гонат голем број високи функционери со монтирани судски процеси за наводна корупција.

Неколку години подоцна следуваше крвавиот обид за државен удар од страна на терористите на ФЕТО, односно обид за државен удар извршен од офицери што ФЕТО ги инфилтрирал во турската армија.

Истрагата за терористичката организација ФЕТО покажа дека се работи за глобална мрежа што претставува опасност не само за Туркије туку и за секоја друга земја во која е активна. Во повеќе наврати на ова укажаа и турските власти.

За време на обидот за државен удар во Туркије животот го загубија 253 лица, а повеќе од 2.730 беа повредени.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Газа: Голем број Палестинци убиени и ранети во израелските напади во текот на ноќта

Следно

Здружение на судии: Разочарани сме од Уставниот суд кој наместо да ја штити уставноста на законите, се занимава со популизам

Latest from Blog

Македонија реизбрана за членка на Извршниот совет на Организацијата за забрана на хемиското оружје

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски на својот фејсбук профил сподели објава во која соопшти дека „нашата држава денеска беше реизбрана за членка на Извршниот совет на Организацијата за забрана на хемиското

Реслер: Хрватска може да и биде „спонзор“ на Северна Македонија на патот кон ЕУ

Во услови кога геополитиката е променета, нема место за билатерални уцени, вели хрватскиот европратеник Карло Реслер, кој е и претседавач на Заедничкиот парламентарен комитет ЕУ-Северна Македонија. Тој смета дека треба да се

Дебарско-кичевскиот Митрополит Тимотеј ќе биде погребан во четврток

Дебарско-кичевскиот Митрополит Тимотеј ќе биде погребан во четврток на 28 ноевмри на Плаошкиот манастир во Охрид, одлучи Светиот архијерејски синод (САС) на Македонската Православна Црква. Заупокоената Света Литургија и Опелото ќе бидат

Градоначалничката на Град Скопје нема да се кандидира на претстојните локални избори

Актуелната градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска нема да кандидира за нов мандат. Во изјава за медиумите дадена денеска по примопредавањето на шест нови еколошки автобуси за потребите на ЈСП, Арсовска рече дека

Најмалку 9 лица се убиени кога израелските сили бомбардираа училиште во кое се засолнети раселените жители на Газа

ГАЗА (АА) – Најмалку девет лица се убиени во израелски напад врз училиште во кое се засолниле раселени цивили во градот Газа, изјави медицински извор, јавува Анадолу. Очевидци изјавија дека израелските сили
Go toTop