Вучиќ: Со Египет е договорена соработка на воено ниво

July 13, 2024
1 min read

Претседателот Александар Вучиќ денеска во Каиро изјави дека со египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси разговарал за сите важни геополитички прашања, но и дека е договорена соработката на воено ниво, јави дописникот на МИА од Белград.

Што се однесува до војската, тој најави дека до крајот на годината специјалните единици на Египет ќе дојдат во Србија, каде заедно со српската војска ќе одржуваат вежби, ќе тренираат и ќе се дружат.

Српскиот претседател кажа дека разговарале и како да се зголеми трговската размена меѓу двете земји, како и размената на услуги.

– Потврдивме дека имаме заеднички позиции за важни геополитички прашања и она што е најважно дека потпишавме договор за слободна трговија, така што ќе имаме 30,5 отсто од индустриските производи што ќе можеме да ги извезуваме од Србија веднаш по ратификацијата на договорот без никакви царини и 87 проценти од нашите земјоделски производи кои ќе можеме без царина или значително либерализирани да ги извеземе, рече Вучиќ.

Тој кажа и дека Србија работи заедно со Унгарија и има три заеднички претставништва во светот, пред сè поради намалувањето на трошоците и дека со унгарскиот премиер Виктор Орбан се договорил двете земји да покриваат 80 до 90 проценти од Африка со заеднички и индивидуални дипломатски претставништва, како и да се формира заедничко претставништво за надворешна трговија.

Извор: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

МЗТ Скопје Аеродром се засили на центарската позиција

Следно

ОЈО донесе наредба за спроведување истрага против 40-годишникот во чиј дом во бесознание беа најдени четири малолетни лица

Latest from Blog

Активистка ја истражувала корупцијата во Еквадор, ја убиле- министерот тврди дека самата се задушила

Моника Силва Кониушек (41) била пронајдена мртва во својот дом на 8 јуни, и иако властите првично тврделе дека станува збор за самоубиство, обдукцијата покажала дека причина за смртта била удар во

Суд во Стразбур: Аболицијата на Ѓорге Иванов била незаконска

Судот за човекови права во Стразбур смета дека незаконска била аболицијата на поранешниот претседател Ѓорге Иванов, а која се однесуваше на лицата кои ги сомничеше поранешното Специјално јавно обвинителство… Според одлуката која

Клоп си побара и си доби аргентински дрес!(ВИДЕО)

ФОТО: Јurgen Klopp/X Јирген Клоп, познатиот фудбалски тренер, работи на Светското првенство како стручен консултант за германска телевизија во тандем со Томас Милер. Тој го гледаше натпреварот помеѓу Аргентина и Австрија во

Трамп тврди дека Иран се согласил на најстроги нуклеарни инспекции- Техеран негира

САД, по првите разговори како дел од новиот мировен договор, ги укинаа санкциите врз Иран за 60 дена во понеделник, објави Ројтерс. Трамп инсистираше на договорот во објава на социјалните мрежи. „Иран
Go toTop