ОЈО донесе наредба за спроведување истрага против 40-годишникот во чиј дом во бесознание беа најдени четири малолетни лица

July 13, 2024
1 min read

Основното јавно обвинителство попладнево соопшти дека е донесена наредба за спроведување на истражна постапка против 40-годишникот во чиј дом беа пронајдени четирите малолетници во бесознание.

 

Тој се сомничи за тешки дела против здравјето на луѓето и за излагање на опасност на деца.  Надлежниот јавен обвинител, како што информираат од ОЈО, доставил предлог за определување мерка притвор.

На 11 јули во вечерните часови во неговиот дом престојувале четирите деца на возраст од 15 до 17 години, а тој ставил во промет лекови што се штетни за здравјето.

Заедно со децата почнал да конзумира алкохол и во текот на вечерта извадил лекови „тергатол 200 мг”, „запира 10 мг” и „дијазепам 5 мг” кои ги користел за одвикнување од зависност од алкохол и кои им ги понудил на малолетниците да ги испијат за подобро расположение.

– Им дал да испијат поголемо количество од лековите во комбинација со алкохолот, иако бил свесен за штетната последица што може да настапи и со тоа тешко им го нарушил здравјето, се наведува во соопштението од ОЈО Скопје.

Осомничениот станал и во дневната соба ги затекнал децата како лежат во сериозно влошена здравствена состојба која претходно ја предизвикал, но и покрај тоа ги оставил без помош. Следниот ден попладнето полициски службеници ги пронашле децата во неговиот дом во бессознание и со сериозно влошена здравствена состојба. Со возило на Итната медицинска помош децата се префрлени на Клиниката за токсикологија, каде е констатирано високо присуство на бензодијазепини во крвта.

Извор: 24vesti.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Вучиќ: Со Египет е договорена соработка на воено ниво

Следно

Во лицето е убавица, во телото “ѕвер“: За себе вели дека е фитнес кралица, но другите не мислат така

Latest from Blog

Ристо Вртев: Денес е профитабилно да се „тамбура“ на национални жици

Овој пат во „Имаме неколку прашања за вас“ го имаме Ристо Вртев, основач на музичката група Архaнгел, нејзин фронтмен, композитор, текстописец и вокалист. Бидејќи ретко дава интервјуа за Рацин.мк ова беше прилика

Пожарите не стивнуваат: Два активни, четири под контрола, 22 изгаснати низ Македонија

Македонија повторно се соочува со огнени жаришта, но според последните податоци од Центарот за управување со кризи (ЦУК), состојбата е стабилизирана. До утрово во 7 часот биле евидентирани вкупно 28 пожари на

Најдобриот стрелец во Евролигата ќе игра за Виртус Болоња,

Најдобриот стрелец во Евролигата за минатата сезона, Карсен Едвардс, го напушта Баерн Минхен и ќе ја продолжи кариерата во тимот на Виртус Болоња  изјави порталот „Баскетњуз“. Американскиот кошаркар бележеше 20,4 поени и
Go toTop