„На Самитот на НАТО многу јасно ставивме до знаење дека треба да се изврши поголем притисок врз Владата на Израел“

July 13, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) 

Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, во своето обраќање пред дипломците на 12-тата генерација на Здружената команда и 6-тата генерација на Командна и штабна обука на Воените институти при Универзитетот за национална одбрана изјави дека денес ја споделуваат радоста на дипломирање на вкупно 181 офицер, од кои 54 потекнуваат од пријателски и братски земји, известува Анадолу.

Во својот говор претседателот Ердоган се осврна на ситуацијата во Појасот Газа и израелската политика на Нетанјаху за окупирање на територии, велејќи:

„Сѐ додека Израел ја бара сигурноста со окупација на повеќе територии, ниту една земја во нашиот регион, вклучувајќи ја и Туркије, не може да се чувствува 100% безбедна.“

За активностите на Самитот на НАТО што изминатите три дена се одржа во Вашингтон по повод 75- годишнината од основањето на алијансата, Ердоган посочи дека на средбите во Вашингтон на соговорници на Самитот на НАТО многу јасно им ставиле до знаење дека треба да се изврши поголем притисок врз Владата на Израел.

Претседателот Ердоган зборуваше и за антитерористичке активности на Туркије на својата јужна граница, порачувајќи: „Туркије наскоро ја ‘затвора бравата’ во зоната на антитерористичката операција ‘Канџа’ во северен Ирак“.

Пред годишнината од неуспешниот обид за воен удар што терористичката органзиација на Фетула Ѓулен (ФЕТО) се обиде да ја спроведе во Туркије на 15 јули 2016 година, Ердоган рече дека во земјата во голема мерка се исчистени институциите, особено безбедносните единици, од терористите на ФЕТО кои тајно се инфилтирале во текот на изминатите 40 години.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пожарникарите гаснат голем пожар во Истра, Хрватска

Следно

Од копно и воздух се гаснат пожарите на Огражден и Серта

Latest from Blog

Видео: Ветер ја урна репликата на Статуата на слободата во Бразил

Инцидентот се случил во градот Гваиба, во државата Рио Гранде до Сул, каде што голема реплика на познатата статуа од Рио де женерио е поставена пред продавница  Хаван. Градоначалникот на Гваиба, Марсело Мараната,

ПАРИТЕ ОДАТ ВО АЛБАНИЈА НАМЕСТО ВО БЕЛГРАД ПОРАДИ БЛОКАДЕРИТЕ: Зетот на Трамп ја откажува инвестицијата од 750 милиони евра

Зетот и инвеститор на американскиот претседател Доналд Трамп, Џаред Кушнер, се откажа од инвестиција од 750 милиони евра за изградба на хотел во центарот на Белград и наместо тоа парите ќе одат

Сијарто: Европската политичка елита нема интерес за мир во Украина

Европската политичка елита „дефинитивно нема интерес“ за мир во Украина, изјави денес унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто, додавајќи дека мора да се направи сè за да се спречи „поткопување“ на
Go toTop