Недостиг на лекари во речиси сите сфери – министерството најавува предност за специјализции каде има најголем дефицит

July 12, 2024
1 min read

Онколози, патолози, рентгенолози и анестезиолози…. Македонските болници имаат сериозен недостиг од овој кадар. За да се пополни.Министерството за здравство во иднина ќе распишува конкурси за овие специјализации, додека пак други за кои има хиперпродукција ќе се ставаат во мирување.

„Ќе дадеме предност на одредени специјализации коишто ни недостасуваат – пред сѐ онкологија, патологија, радиологија, анестезиологија. Овие ќе бидат многу побројни.“ – рече Арбен Таравари – Министер за здравство.

И додека болниците куборат со кадар, медицинскиот факултет секоја година уште во првиот уписен рок ја пополнува квотата за студенти. Годишно околу 200 завршуваат медицина, но голем е и одливот во странство. Според деканот на факултетот, миграцијата на медицински персонал е глобален тренд, но државата мора да се труди да го задржи во земјава.

Со тој проблем тешко ќе се справиме. Како што се либерализираат политиките на странските земји за примање на нашите доктори. Но, ние треба да ги подобриме условите пред сè за вработување на дипломираните студенти, ние немаме проблем со студентите. Не ни заминуваат студентите, ни заминуваат дипломираните доктори.“ – изјави проф. д-р Светозар Антовиќ Декан на Медицински факултет Скопје.

Како мерка за задржување на кадарот во земјава, Таравари најави дека петте најдобри студенти по медицина од сите медицински факултети во земјава веднаш по завршувањето ќе добијат понуда за вработување.

И додека се најавуваат мерки, во меѓувреме околу 400 приватни специјализанти се уште работат низ болниците за плата од 26.000 денари и без осигурување. Таравари најави средба со нив и решавање на работниот статус.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

НАТО Самит: Украински договор, пораки за Западен Балкан, поголемо присуство на Пацификот

Следно

Е.Пелистер од Париз ја стартува новата европска сезона во ЛШ

Latest from Blog

НАД МИЛИОН ЛУЃЕ НА ПОГРЕБОТ НА САИФ АЛ ИСЛАМ ГАДАФИ, силен одговор против насилството и “арапската пролет“ (ФОТО)

Повеќе од 1.000.000 луѓе присуствуваа на погребот на Саиф ал-Ислам Гадафи, син на убиениот либиски лидер Моамер Гадафи, мавтајќи со зелени знамиња, симбол на владеењето на неговиот татко, објави „Ле Фигаро“. Саиф

Петрушевски: Додека Апасиев го плаќаа од СЈО, ги величеше. Кога чешмата секна, почна да ги плука.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, преку објава на социјалните мрежи остро реагираше на мемето што го објави лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев, обвинувајќи го за популизам, лицемерие и злоупотреба на

Коњановски со битолските ловци на традиционална ловечка забава

На покана на Здружението за ловци „СОКОЛ“ – Битола, под мотото „ЗАЕДНО ЗА ТРАДИЦИЈА“, градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на ловечката забава организирана од здружението. Настанот помина во духот на

Трамп и конфликтот со Европа: ЗАД СЕ СТОИ ТАЈНИОТ АРХИТЕКТ НА НОВАТА АМЕРИКАНСКА ПОЛИТИКА

Веројатно никогаш не сте слушнале за Енди Бејкер. Но, тој е водечкиот интелектуалец во Советот за национална безбедност (НСЦ) чии потези би можеле да ја одредат иднината на надворешната политика на Републиканската
Go toTop