Мануел Нојер попладнево би можел да стане најстариот фудбалер што настапил за Баерн Минхен во Бундеслигата. Германскиот голман, доколку заигра против Лајпциг, ќе има 40 години и 204 дена и ќе го надмине рекордот на Бернд Дрехер, кој датира од 2007 година.
Сепак, настапот на Нојер е неизвесен поради проблеми со стапалото. Искусниот голман го пропушти натпреварот од Лигата на шампионите против Викинг, кој заврши 3:3, а тренерот Венсан Компани потврди дека конечната одлука ќе зависи од неговата здравствена состојба. Доколку не биде подготвен, меѓу стативите ќе застане 23-годишниот Јонас Урбиг.
Нојер против Лајпциг може да продолжи уште еден неверојатен низ. Голманот против денешниот противник бранел на 14 меча и никогаш не загубил.
Извор: sportmanija.mk

