НАТО Самит: Украински договор, пораки за Западен Балкан, поголемо присуство на Пацификот

July 12, 2024
1 min read

Како да се запре Руската агресија како најголема закана за безбедноста за земјите членки на НАТО, каква помош алијансата и даде на Украина против Русја, унапредувањето на практичната соработка со Западниот Балкан, но и гафот на Џо Бајден со Зеленски беа работите кои го одблежаа 75 годишниот Самит на НАТО во Вашингтон.

На крајот на Самитот беше усвоен Украинскиот договор.

– 75 тиот Самит на НАТО во Вашингтон заврши со одобрување на украинскиот договор. Овој документ служи како дополнување на Заедничката декларација на Г7 договорена пред една година на претходниот Самит на НАТО во Вилнус.

Документот е отворен за потпишување од други земји и содржи долгорочна воена и одбранбена поддршка, развој на идни одбранбени сили на Украина и механизам за итни консултации меѓу партнерите во случај на ескалација на тековната војна или можна идна агресија. Земјите-членки на алијансата се договорија и дека на првата седница ќе ја поддржат Украина „на нејзиниот неповратен пат кон полноправно членство во евроатлантските интеграции, вклучително и членството во НАТО“.

Американскиот претседател Џо Бајден кажа дека НАТО е подготвен да одговори на сите предизвици, вклучувајќи ја и руската војна против Украина и најави нова донација на систем за противвоздушна одбрана за Киев. Во декларацијата на НАТО за Западниот Балкан се нотира дека НАТО останува силно посветен на безбедноста и стабилноста.

– Практична соработка со Западниот Балкан со цел да ги поддржиме реформите, регионалниот мир и безбедност и да се спротивставиме на малигните влијанија, вклучително и дезинформациите, хибридните и сајбер закани, поставени и од државни и од недржавни чинители.

Алијансата најави и дека до следниот самит ќе развие препораки за стратешкиот пристап на НАТО кон Русија, за да се ограничат нејзините агресивни дејства и да се спротивстави на нејзината способност да спроведува дестабилизирачки активности кон НАТО и сојузниците.

– Решевиме да ја прилагодиме командната структура на НАТО, да ги подобриме нашите интегрирани воздушни и ракетни одбаранбени системи и да продолжиме со нашите одбранбени планови со потребните способности. – изјави Јенс Столтенберг генерален секретар на НАТО.

НАТО сојузниците изразија згриженост и за стратешкото партнерство меѓу Русија и Кина и нивните засилени обиди да му дадат нов облик на меѓународниот поредок заснован на правила.

– Војната е поттикната од оние кои не ги споделуваат нашите вредности. Иран и Северна Кореа обезбедуваат директна воена поддршка, додека Кина ја поддржува руската воена економнија. Ова не е само привремена практична коалиција, туку голем стратешка промена.“ – ијави Столтенберг.

Пекинг реагираше на обвинувањата на НАТО за одговорноста на Кина за војната во Украина и ја предупреди Алијансата да се не се меша во азиско-пацифичкиот реион и да остане во рамките на својата улога.

И покрај трите долги денови и донесени одлуки НАТО самитот го одбележа гафот на американскиот претседател Џо Бајден кој Украинскиот претседател Володомир Зеленски го помеша со Путин. -тонско изјава Бајден.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мурат Јакин останува на селекторското место на Швајцарија

Следно

Недостиг на лекари во речиси сите сфери – министерството најавува предност за специјализции каде има најголем дефицит

Latest from Blog

Тендерска постапка за изградба на гасовод меѓу Македонија и Србија

Номагас, акционерско друштво во државна сопственост за пренос на природен гас, наскоро ќе отвори тендер за избор на проектант и изведувач на интерконективниот гасовод меѓу Македонија и Србија. Овој проект е дел

Се појавија делови од мировниот план за Иран во 15 точки

Пакистанските функционери, исто така, се осврнаа на содржината на предлогот, велејќи дека тој ги вклучува следните точки: • Олеснување на санкциите • Соработка во цивилната нуклеарна енергија • Враќање на нуклеарната програма

Се појавија делови од мировниот план за Иран во 15 точки

Пакистанските функционери, исто така, се осврнаа на содржината на предлогот, велејќи дека тој ги вклучува следните точки: • Олеснување на санкциите • Соработка во цивилната нуклеарна енергија • Враќање на нуклеарната програма

Премиерот предупреди: Во владата има луѓе што не го даваат максимумот

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во интервју за „Заспиј ако можеш“ на ТВ Алфа порача дека Владата дава максимум во работењето, но истакна дека кај одредени поединци има дилеми и задршки. „Ние
Go toTop