Милановиќ: НАТО не треба да и ветува на Украина нешта што не може да ги исполни

July 12, 2024
1 min read

На Украина не треба да и се даваат ветувања што не можат да се исполнат, изјави хрватскиот претседател Зоран Милановиќ на маргините на самитот на НАТО во Вашингтон, каде сојузниците ја потврдија поддршката за членството на Киев во блокот.

– На Украина и се заканува опасност да се исцрпи економски и демографски да се уништи. Мораме да бидеме искрени кон нив и да не даваме ветувања што не сме во можност да ги исполниме, изјави Милановиќ за хрватските новинари во Вашингтон, пренесува Хина.

Тој додаде дека на Самитот на НАТО се говорело дека патот на Украина кон НАТО е неповратен, и дека тоа треба да се сфати многу сериозно бидејќи обврзува.

– Важно е да се одржи дијалогот со Москва, не мислам само на (рускиот претседател Владимир) Путин, и се знае кој треба да разговара со Русите, тоа се Американците, истакна хрватскиот претседател.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

НАТО и порача на Русија дека „насилството не се исплатува“

Следно

Швајцарија: Маж вооружен со мачета повреди пет лица

Latest from Blog

Манчини пресече: Десетмина фудбалери не патуваат со Италија во Турција

Роберто Манчини реши веднаш да реагира по разочарувачкиот старт на Италија во новото издание на Лигата на нации. Италијанскиот селектор направи голем „рез“ во составот и дури десет фудбалери нема да патуваат

Кина одржува поморски и воздушни воени вежби околу спорниот гребен во Јужното кинеско море

Вежбата се одржа во водите и воздушниот простор околу гребенот Скарборо, кој Кина го нарекува Хуангјан Дао. Тој е побаруван и од Филипините, каде што е познат како Бахо де Масинлок. Кинеската
Go toTop