Еминем го објави својот 12. студиски албум- „The Death Of Slim Shady (Coup De Grâce)“

July 12, 2024
1 min read

Еминем ја заби последната шајка во ковчегот на неговото алтер его „Слим Шејди“… Објавен е 12-от студиски албум на американскиот рапер, под наслов „The Death Of Slim Shady (Coup De Grâce)“.

На плочата ѝ претходеа водечките синглови „Houdini“ и „Tobey“, во коишто учествуваат неговите пријатели – рапери од Детроит, Биг Шон и Бејбитрон. Албумот има вкупно 19 „траки“, а ја вклучува и познатата крилатица „Погоди кој се враќа“ (Guess Who’s Back) од почетоците на кариерата на Еминем, како и „Guilty Conscience 2“, своевидно „продолжение“ на неговиот сингл „Guilty Conscious“ направен со помош на Д-р Дре за албумот „The ​​Slim Shady LP“ од 1999 година.

Еминем „брутално го раскостуваше“ Слим Шејди со недели пред објавувањето на албумот. Во музичкото видео за „Tobey“, тој употреби и моторна пила, иако другите маркетинг-трикови за промоција на неговиот нов проект, можеби, не се толку ужасни…

Во мај, Еминем објави и лажен некролог во „Детроит фри прес“ во којшто тагува за „измачувачкото суштествување“ на измислениот лик.

„Неговото сложено и измачувачко опстојување заврши, а наследството што го остави зад себе не е поблиску до разрешување од начинот на којшто овој лик го напушти овој свет“, се вели во „некрологот“.

„Слим Шејди“, како што вели Еминем, е производ на Детроит и „непријателските поделби во просперитетната андерграунд-рап сцена“ од средината до крајот на 1990-тите.

„На крајот на краиштата, самите нешта што се чинеше дека се алатките што ги користеше станаа ’картички со име’ што го дефинираа постоењето коешто можеше да заврши само со ненадеен и ужасен крај“, се вели во објавата.

„Шејди“ првпат стана познато име во 1999 година со дебито на неговиот сингл со повесел ритам – „My Name Is“, што заедно со неговото уникатно видео, го изложи младиот рап-уметник и неговите стихови пред пошироката публика.

Извор: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Бајден начисто го упропасти амбициозниот самит

Следно

ВИДЕО: 92-годишна бабичка побегнала од дом за стари лица: Погледнете како прескокнала ограда од 2 метри!

Latest from Blog

БАРОТ НА СМРТТА СЕ РЕНОВИРА – во него настрадаа 41 лице, сега ја менува својата функција

Барот „Констелејшн“ во Кран-Монтана, Швајцарија, каде што 41 лице загина, а 115 беа повредени во пожар на 1 јануари, никогаш повеќе нема да биде ресторан, вети претседателот на кантонот Вале, Кристоф Дарбел.

Телото на 17- годишна девојка од Тајланд е пронајдено во куфер- во обид за бегство е уапсен средовечен Австралиец (ВИДЕО)

Според полицијата и локалните медиуми, мажот бил запрен вчера околу 21:30 часот додека се подготвувал да се качи на летот на Џетстар за Перт. Апсењето следеше по истрагата за неговата врска со

Марш за ангелите во Кочани: Ќе се бориме до последен момент за вистината за „Пулс“!

Попладнево во Кочани се одржа 46-тиот Марш за ангелите. Родителите и блиските роднини на дел од загинатите порачаа дека она што деновиве го гледале во судница – расправии, провокации и обиди вниманието

Коди Гакпо и неговата сопруга го загубија синот

Трагедија во семејството на репрезентативецот на Холандија, Коди Гакпо. Тој и неговата сопруга, Ноа ван дер Беј го загубија синот за време на бременоста, и тоа двојката го сподели преку социјалните мрежи.
Go toTop