Бајден начисто го упропасти амбициозниот самит

July 12, 2024
1 min read

Макрон, Шолц и Стармер јавно го бранеа американскиот претседател заради гафовите кога Зеленски го претстави како „претседателот Путин“ а Камала Харис како „потпретседателот Трамп “но по ходниците каде што се одржува вашингтонскиот самит  се слушала друга приказна, пренесува британски Телеграф.

„Тоа беше страшно, сè ни упропасти“ рекол анонимен функционер, еден од оние кои со месеци внимателно го подготвувале јубилејниот самит чија главна порака требаше да биде демонстрирано единство против агресијата на Путин на Украина.

По гафовите на Бајден, на организаторите им било јасно дека ќе нема ништо од тоа и дека медиумите сега комплетно ќе се фокусираат на неочекуваниот инцидент кој повторно покрена лавина прашања. Наместо за нивното видување за Украина, новинарите сакаа да дознаат дали Шолц, Стармер, Макрон… сметаат дека Бајден е ментално подготвен за втора кандидатура.

„Комплетно го смени наративот и фокусот на нешто што требаше да биде сјаен самит,“ рекол анонимен дипломат кого го пренесува Јутарњи.

Организаторите овојпат успеаја да го зауздаат Зеленски да не фрла чалами како во Вилнус кога не доби покана за членство па тој замина задоволен, иако членството повторно само му беше најавено како сигурно.

Инаку, на состаноците Бајден се држел сосема добро, додека не почна да шмелца.

 

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Повисоки пензии со нови заеми или зголемување на старосната граница

Следно

Еминем го објави својот 12. студиски албум- „The Death Of Slim Shady (Coup De Grâce)“

Latest from Blog

Меѓународниот кривичен суд презема мерки за заштита од можните санкции од САД

„Направивме големи напори за да осигуриме дека судот е заштитен од последиците од какви било потенцијални идни санкции“, рече Кан, според „Фајненшл тајмс“ (FT). Таа рече дека судот реорганизирал многу од своите

Се продлабочува хуманитарната катастрофа во Јемен- загрозени се милиони деца

„Длабоко сме загрижени за многу видливиот пораст на акутната неухранетост кај децата“, изјави Акхил Ијер, претставник на УНИЦЕФ во Јемен, за новинарите во Женева преку видео врска од Аден. Повеќе од една
Go toTop