Столтенберг: Ако Украина ја изгуби војната – тоа нема да донесе мир

July 11, 2024
2 mins read

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на голема прес конфереција синоќа во Вашингтон, се осврна на прашањата за понатамошното зацврстување на одбранениот потенцијал на воената алијанса и многустраната помош за Украина која ја одбива руската агресија.
Во текот на излагањето тој истакна дека НАТО е најуспешната воена алијанса во историјата, пренесе дописникот на МИА од Вашингтон.
Столтенберг рече дека мнозинство од земјите сега доделуваат за одбрана два отсто од својот национален буџет, во споредба со тоа како било пред три години кога само неколку земји доделувале толку за одбрана.
Шефот на НАТО уште еднаш истакна дека помошта на земјите членки за Украина не е да се пролонгира војната туку „брзо да се реши“.

-Ако Украина ја изгуби војната тоа нема да донесе мир, туку ќе донесе уште повеќе руска окупација. Затоа ние ќе ја подржуваме Украина таа да победи и ќе бараме праведен мир, изјави тој.

Според Столтенберг, Кина е „овозможувач“, па и дури „помошник“ на руската агресија, бидејќи Пекинг пружа воено-техничка помош на Москва „како микро-електронски компоненти за двојна намена“ што му овозможува на Кремљ да ја води таа војна продолжително време. Столтенберг рече дека со заедничката декларација членките на НАТО испратиле јасен сигнал до Кина за тоа дека таквата улога на Пекинг е неприфатлива.

Декларацијата е составена од силен речник насочен против Кина и нејзината улога на овозможувач на војната во Украина.

-Сметам дека тоа е многу силен и многу јасен сигнал и ние прецизно ја одредуваме одговорноста на Кина кога станува збор за нејзиното соучесништво во војната со Русија, истакна генералниот секретар додавајќе дека „ова е најсилната порака досега против Кина формулирана од сојузниците“.

Во одговор на прашања од новинарите за тоа ако Кина започне не само со техничко но и со директно снабдување на Русија со оружје и воена техника, Столтенберг рече дека тоа ќе предизвика голема загриженост на Запад. Тој стави до знаење дека во тој случај ќе бидат преземени одредени санкции против Кина што би влијаело на репутацијата на таа земја во светот.

Во одговор на прашање за тоа како може да се измени улогата на САД во алијансата по претседатеските избори во ноември оваа година, шефот на НАТО изрази увереност дека САД ќе продолжат да играат лидерска улога во алијансата и во иднина, бидејќи тоа е во склад со националните интереси на оваа земја.

Покрај тоа Столтенберг истакна дека во Вашингтон се сретнал со американските законодавци кои уште еднаш го убедиле дека во САД постои силна двопартиска подршка  за НАТО и подршка за Украина.
Столтенберг го нарече НАТО најуспешната воена алијанса во историјата. Тој уште еднаш истакна дека алијансата има за цел во иднина да ја прими и Украина во своите редови.

Се осврна и на прашањето за тоа зошто НАТО отвари свое преставништво во Јордан, истакнувајќи дека алијансата реагира на предизвиците и можностите што доаѓаат од Блискиот исток и Северна Африка.
Истакна дека НАТО отворило ново одделение за заедничка анализа во Полска, а претходно изјави и дека лидерите на НАТО се договориле за пакет помош за Украина кој предвидува создавање на центар за команда во Германија, билатерални договори за безбедност со сојузничките земји, нов пакет воена помош и работа за оперативна хармонизација. 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Амнести интернешнал: Алармантен пораст на репресивните мерки против мирните протести во Европа

Следно

Седници на собраниските комисии за одбрана и безбедност и Законодавно-правната комисија

Latest from Blog

Проданоски: Турскиот јазик е важен дел од културниот мозаик во Прилеп

По повод Денот на наставата на турски јазик, градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, упати искрени честитки до сите наставници, ученици и образовни работници кои ја негуваат и унапредуваат наставата на мајчин

Николоски: Со сложени зафати го решаваме најтешкиот дел од автопатот Охрид–Кичево

Со примена на сложени инженерски решенија кои за првпат се користат во регионот, ќе се доизгради автопатот Охрид–Кичево, најави Александар Николоски. Тој истакна дека се решаваат вкупно 16 косини, од кои на

Потенцијално нови наоди: Пронајден досега непознат влез во најмалата пирамида во Гиза

И илјадници години откако биле изградени, се чини, пирамидите во Гиза сè уште чуваат тајни. Нагласката на најновото истражување е кај Менкауровата пирамида – најмалото од трите зданија, кај коешто тим научници

Гоце Седлоски нов селектор на фудбалската репрезентација на Македонија

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) на денешната седница донесе одлука за избор на нов селектор на македонската А репрезентација. За нов селектор е именуван Гоце Седлоски. Членовите на највисокото
Go toTop