Голем пожар во грчкиот град Патра, евакуирани детска болница и жителите на неколку населби

July 9, 2024
1 min read

Во населба во грчкиот град Патра денеска избувна пожар, а превентивно беа евакуирани жителите на неколку населби, како и детска болница што се наоѓа во близина, бидејќи огнените јазици стигнале до дворот на објектот, јави дописничката на МИА од Атина.

Од бројот 112 за итни случаи беа испратени три пораки до жителите на населбите зафатени од пожарот да се евакуираат, додека пак децата хоспитализирани во детската болница биле пренесени во останатите болници во градот.

Портпаролот на противпожарната служба на Грција Василис Ватракојанис за грчката телевизија ЕРТ рече дека интервенираат 78 пожарникари со три пешадиски тима, 26 возила, четири авиони и шест хеликоптери, од кои еден за координација.

Истакна дека „станува збор за пожар што многу брзо зазеде големи размери“, особено опасен и токму затоа од жителите било побарано да се евакуираат.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кејн тренира нормално во пресрет на полуфиналето со Холандија

Следно

Русија спроведува поморска обука за одбивање на нападите со беспилотни летала

Latest from Blog

Божиновска: Инвестицијата во младите инженери е инвестиција во македонската иднина

Македонија има иднина, а нејзината иднина се младите, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска по посетата на Машинскиот факултет, каде што беше претставен новиот болид на MES Racing.

Брајтон со “петарда“ кај Ковентри! (ВИДЕО)

ФОТО:.facebook.com/officialbhafc Брајтон го победи Ковентри со 5:0 на гостински терен во четвртото коло од Премиер лигата. Стрелци за Брајтон беа Костулас, Јалкуе, Грос од пенал и Данк кој ќе биде кандидат за

Шкотска, Велс и Северна Ирска се здружуваат – бараат право на референдуми за независност

Лидерите на Шкотска, Велс и Северна Ирска во понеделник ќе се сретнат во Кардиф, каде што треба да потпишат заедничка декларација со која ќе го потврдат правото на нивните нации на самоопределување
Go toTop