Убедлива победа на лабуристите – Стармер вети нов почеток

July 5, 2024
1 min read

Промените во Велика Британија почнуваат сега, порача лидерот на лабуристите, Кир Стармер, откако неговата партија победи на изборите кои ставија крај на 14-годишното владеење на конзервативците…Излезните анкети покажуваат дека лабуристите на Стармер освоија 410 од 650 места во Долниот дом на британскиот парламент по вчерашните општи избори во земјата…

Кир Стармер

„Промените можат да почнат сега. Рековме дека ќе ставиме крај на овој хаос и ќе го направиме тоа, рековме дека ќе свртиме страница и го направивме тоа. Денеска го започнуваме следното поглавје, почнуваме да работиме на промената за да ја обновиме земјата . Промената започнува овде. Отсега важи мотото: „Прво државата, па партијата . “

Британските конзервативци остварија најлош изборен резултат од Втората светска војна..Серијата скандали – пред се, откритијата за забавите во Даунинг стрит за време на карантинот за Ковид-19 – ја уништија довербата кон тогашниот премиер Борис Џонсон и до ноември 2021 година убедливото водството на конзервативците, веќе беше исчезнато…Гласачите ги казнија за кризата со трошоците за живот, годините на нестабилност и внатрешнита борби во кои партијата имаше пет различни премиери од 2016 година…Во последното обраќање во јавноста Риши Сунак, првиот британски премиер со азиско потекло, поднесе оставка од премиерската функција, но и од позицијата лидер на Конзервативната партија.

Риши Сунак

„Дадов се за оваа работа, но вие дадовте јасен сигнал дека владата на Велика Британија мора да се промени. А вашиот суд е единствениот што е важен . Важно е по 14 години владеење Конзервативната партија да се обнови, но и професионално и ефективно да ја преземе својата клучна опозициска улога “

Водечки европски претставници му ја честитаа победата на лидерот на Лабуристите…за претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел изборната победа на Страмер е историска додека пак шефицата на Европската комисија, Урсула вон дер Лајен очекува успешна соработка во иднина…

Урсула фон дер Лајен – претседателката на Европската комисија

„Сe радувам што ќе соработувам со вас во конструктивно партнерство за решавање на заедничките предизвици и зајакнување на европската безбедност.“

Конзервативците освоија 131 пратеничко место, што е нивни историски најлош резултат…Либералдемократите треба да добијат 61 место, а антиимиграциската Реформска партија на Брегзит во Обединетото Кралство и десничарски популист Најџел Фараж постигнаа подобар резултат од очекуваното со освоени13 места…

Новиот британски премиер, Кир Стармер е претседател на Лабурустичката партија од 2020 година, по професија адвокат, а во Парламентот во Велика Британија е од 2015 година…

Извор: 24vesti.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Претседателката на Советот на јавни обвинители смета дека треба да има индивидуална, а не колективна одговорност

Следно

ДИМ: Матурантите со просечна оценка 3,25

Latest from Blog

Комуналец Прилеп продолжува со уредување и обликување на градското зеленило

Екипите на ЈКП „Комуналец“ – Прилеп продолжуваат со активностите за естетско кроење и обликување на зеленилото на повеќе локации во градот. Во рамки на акцијата се уредуваат зелените површини кај Споменикот на

Божиновска: Македонија добива модерен закон за обновливи извори на енергија

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оцени дека со усвојувањето на новиот Закон за обновливи извори на енергија е направен историски чекор што ќе ја промени енергетската иднина на

Македонска берза со умерен пад на МБИ10

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 30.06.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.521,52 поени. Во однос

Огромен скандал во Србија… пораки преку Скај апликацијата за ликвидација на Немања Видиќ!!!

Ужасни вести доаѓаат од соседна Србија каде што очигледно никако да се научи лекцијата дека мафијашки ликвидации и функционирање на таков начин носи само хаос и ништо друго. Порталот „КРИК“, и меѓународната

Коњановски: Прва средба со новиот бугарски конзул во Битола

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска во својот кабинет оствари средба со новиот генерален конзул на Република Бугарија во Битола, Петар Петров. На средбата, Коњановски го запознал конзулот со личната карта на
Go toTop