Во Грција регистриран првиот случај за годинава на заразен со вирусот Западен Нил

July 5, 2024
1 min read

Националната организација за јавно здравје на Грција (ЕОДИ), денеска соопшти дека во земјата е дијагностициран првиот случај на заразен со вирусот Западен Нил за 2024 година, а најверојатно инфекцијата е во општина Лариса, регионот што лани беше еден од главните центри на циркулација на вирусот, јави дописничката на МИА од Атина.

Од ЕОДИ соопштија дека според нивните процени, оваа година, циркулацијата на вирусот може да биде интензивна, поради благите температури во текот на зимата и препорачаа преземање превентивни мерки против комарците.

-Вирусот на Западен Нил главно се пренесува со каснување од заразени „обични“ комарци, кои се инфицирани од заразени (главно диви) птици. Заразените луѓе дополнително не го пренесуваат вирусот на други комарци или на други луѓе (со директен контакт). Повеќето луѓе кои се инфицираат воопшто не се разболуваат или имаат само благи симптоми, додека мал процент (помалку од еден отсто од оние кои се инфицираат) развиваат тешка болест која влијае на нервниот систем (главно енцефалитис или менингитис). Постарите луѓе (над 50 години), како и лицата со имуносупресија и хронични основни болести, се повеќе изложени на ризик сериозно да се разболат, пишува во соопштението од Националната организација за јавно здравје на Грција.

Вирусот во земјата беше присутен во летниот период од 2010 до 2014 година, како и од 2017 до денес.

Најголем број случаи на Западен Нил имало во 2018 година, вкупно 317, а истото лето, највисок бил и бројот на починати лица вкупно 51.

Лани, во Грција биле регистрирани 162 случаи, а од Западен Нил починале 23 лица.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Речиси 11 отсто од германските компании нудат четиридневна работна недела

Следно

Новиот британски премиер Стармер ѝ се обрати на нацијата, ја истакна својата посветеност на единството и јавната служба

Latest from Blog

Омерагиќ: Босилово е првиот чекор на проектот „FIFA Arena“ во Македонија

Со скромна церемонија во Босилово, денес беше отворен првиот фудбалски терен во Македонија изграден во рамки на глобалниот проект „FIFA Arena“, иницијатива на ФИФА насочена кон развој на базичниот фудбал и создавање

Комерцијална банка, Македонски Телеком и Тетекс најтргувани; МБИ10 порасна за 0,08%

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На трговската сесија од 12.05.2026, индексот МБИ10 изнесуваше 9.903,87 поени, со дневен раст од 0,08%, односно 7,94 поени,

Божиновска во Истанбул: Енергетиката денес е прашање на безбедност и стабилност

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, учествува на 29. Евроазиски економски самит во Истанбул, Турција. Годинешниот Евроазиски економски самит се одржа под мотото „Global Responsibility – The Post-War World

Флик го потврди новиот договор со Барса и коментираше за потегот на Јамал со палестинското знаме! (ВИДЕО)

ФОТО:.facebook.com/fcbarcelona/ Тренерот на Барселона, Ханси Флик, кој повторно стана нов шпански шампион во неделата, денеска имаше средба со медиумите пред утрешното гостување кај Алавес. Каталонците ја освоија 29-тата титула во својата историја
Go toTop