Со промоција на три видеоспота: „Меморија“ го најави големиот концерт во Скопје

July 4, 2024
2 mins read

Членовите на култната македонска поп-рок група „Меморија“   денес, четврток, 04-ти јуни 2024 го промовираа новиот видеоспот за песната „За тебе“  и ја одржаа првата PRESS конференција по повод големиот солистички концерт закажан за средината на ноември 2024 година во СЦ „Борис Трајковски“ – Скопје .

Промоцијата и PRESS-от се одржаа во просториите на Универзитетот „СКОПЈЕ“ ( екс-Универзитет за туризам и менаџмент) со почеток во 13:00 часот. Пред бројните ТВ екипи и новинари од различни медиуми, пријатели и бивши членови на бендот, како и познати музичари од постарата генерација, покрај премиерата на видото за поп-рок баладата „За тебе“, беа јавно промовирани и рок-фолк сплетот „Македонски бисери“, како и преработката на песната „Јано“ од легендарнта рок група  од 70-ите „Триангл“, снимени во живо на недодамнешниот концерт на „Меморија“ во „Домот на млади“ во Штип.

По воведниите зборови на модераторот, инаку бивш член и еден од основачите на „Меморија“, денес ПР на бендот, новинарот и водител Антонио Димитриевски, промоцијата ја отвори лидерот на групата Петар Георгиевски Камиказа. Тој говореше за соработката со Универзитетот „Скопје“, по што збор зеде и ректорот на оваа високобразовна установа, Аце Миленковски, кој говореше за значењето, пом,ошта и соработката помеѓу универзитетот и бендот.

Откако беа најавени, присутните ги видоа двата видеозаписи – едниот за поп рок медлито од рефрени на познати македонски песни со стихови кои имаат патриотска содржина, насловено „Македонски бисери“, како и споменатата преработка на некогашната рок тема „Јано“ на рокерите од 70-ите, „Триангл“.

Откако беше претставена нишката „Македонски бисери“ како „музички ѓердан обесен на вратот на Јана мома“, како што тоа фигуративно го најави модераторот Димитриевски, тој ја најави и видеопремиерата на баладата „За тебе“. Песна чии стихови допираат сечија душа, но во една ќе останат да светат довека како кандилце. Песната која за жал и стана посветена на прерано починатата сопруга на пејачот на бендот Поце Икономов, во чија чест лидерот Георгиевски побара од присутните да и оддадат почит со едноминутно молчење.

Пото микрофонот го презедоа новинарите кои поставуваа рзни прашања поврзани промовираните песни и нивната приказна, досегашната и идна кариера на бендот, со датумот на излегување на нов албум и деталите околу претстојниот голем солистички концерт во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје кон средината на ноември. За прв пат пред претставниците на медиумите јавно беше претставена и новата постава, поточно новиот гитарист на „Меморија“, прилепчанецот Рубин  Димкоски кој ги доби сите пофалби за неговото свиречко умеење и енергијата која ја носи во себе и прикажува на сцената.

На промоцијата се случи еден несекојдневен куриозитет, кога на едно од новинарските прашања (Соња Алексоска – Неделковска) лидерот на „Меморија“ не можеше да ги сокрие солзите, па откако го совладаа сеќавањата и спомените и јавно заплака, што досега на Перо – Камиказа не му се случило, но ете… Никој не е посилен од емоциите, колку и да изгледа дека е силен и важи за еден од оние, тврдокорните.

Во дијалогот со новинарите свој збор зедоа сите членови на групата, кажувајќи секој од нив одделно по некоја своја случка, настан или догодовштина од членувањето во „Меморија“.

По официјалниот дел на промоцијата слсдуваше неформално дружење на присутните со богата коктел закуска која ја приредија домаќините на настанот од  универзитет „Скопје“.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мбапе: Инспирираше генерации, нема да има друг како Роналдо

Следно

Путин: Не е можен прекин на огнот пред почетокот на мировни преговори со Украина

Latest from Blog

РУСИЈА РАСПОРЕДУВА ВОЈНИЦИ НА ФИНСКАТА ГРАНИЦА

Финска, членка на НАТО, е еден вид сеизмограф за воените планови на Москва кон Западот, а најновите настани во близина на границата на двете земји предизвикуваат загриженост. Границата долга повеќе од 1.300

Времен сообраќаен режим во Чаир поради градежни работи

Поради изведување градежни активности за изградба на улицата „Лазар Трпевски“ (улица „Ферид Мурат“), од денеска ќе биде воведен времен изменет режим на сообраќај во Општина Чаир. Како што информираат од ГД „Гранит“

Венецуелскиот опозициски лидер ослободен од притвор по осум месеци

Гуанипа, еден од најблиските соработници на опозициската лидерка Марија Корина Мачадо, беше во притвор во главниот град Каракас. „Денес сме ослободени. Има многу да се зборува за сегашноста и иднината на Венецуела,

Минчев: Крај на партизацијата, законот за висока раководна служба воведува мерит-систем

По првичните реакции од јавноста и невладиниот сектор во врска со Предлог-законот за висока раководна служба, министерот за јавна администрација, Горан Минчев, во Дневникот на Сител телевизија, појасни дека станува збор за

Драган Ковачки – од армиски офицер и воен разузнавач до прв оперативец на ВМРО

Ковачки бил долгогодишен армиски офицер, кој извршувал разни должности во воената служба за безбедност. Тој ги отфрла обвинувањата на опозицијата дека дезертирал и дека не добил НАТО безбедносен сертификат поради контакти со
Go toTop