Ердоган, Путин, Си, Алиев и други лидери на самитот на Шангајската организација за соработка

July 4, 2024
1 min read

АСТАНА (АА) – Лидерите на земјите членки на Шангајската организација за соработка (ШОС) се собраа на 24. самит на организацијата во Астана. На состанокот присуствува и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јавува Анадолу.

Самитот се одржува во Палатата на независноста во Астана, главниот град на Казахстан, а домаќин е претседателот на земјата, Касим Жомарт Токаев.

Состанокот се одржува во формат „ШОС+“, имајќи предвид дека учествуваат лидерите на земјите членки на ШОС, како и лидерите на земјите партнери.

На самитот присуствуваат турскиот претседател Ердоган; рускиот претседател Владимир Путин; кинескиот претседател Си Ѓинпинг; претседателот на Казахстан, Токаев; претседателот на Узбекистан, Шавкат Мирзијоев; претседателот на Киргистан, Садир Џапаров; претседателот на Таџикистан, Емомали Рахман; вршителот на должноста претседател на Иран, Мухамед Мокбер; министерот за надворешни работи на Индија, Субрамањам Џаишанкар; претседателот на Монголија, Ухнагин Хурелсух; премиерот на Пакистан, Шахбаз Шариф; претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко; претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев; емирот на Катар, Шеик Тамим бин Хамад ал Тани; членот на Врховниот совет на Обединетите Арапски Емирати, Сауд бин Сакар ал-Касими; лидерот на Туркменистан и шефот за односи со јавноста Гурбангули Бердимухамедов и генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш.

На овој самит Белорусија стана десетта полноправна членка на ШОС. Белорусија стана партнер за дијалог на ШОС во 2010 година, а во 2015 година доби статус на држава набљудувач.

Организацијата е основана во 2001 година во Шангај. Првично во неа членуваа шест земји, Русија, Казахстан, Киргистан, Кина, Таџикистан и Узбекистан. Индија и Пакистан се приклучија во 2017 година, а Иран во 2023 година.

Авганистан и Монголија имаат статус на земји набљудувачи, а партнери во дијалогот се уште 14 земји, меѓу кои и Република Туркије.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

САД: Повеќе од 26.000 луѓе евакуирани поради пожарите во Северна Калифорнија

Следно

Од Собранието за тв 24 : Стигна допис за престанок на судискиот статус на судијката Кацарска поради пензионирање

Latest from Blog

Андоновски: Државата бележи историски раст во дигиталните услуги

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски соопшти дека во изминатите две години е постигнат значителен напредок во дигитализацијата на јавните услуги, при што, како што рече, државата бележи силен раст во користењето

Нова ескалација по американскиот напад: Танкер е погоден со проектил во Ормутскиот теснец

Според официјалното соопштение, нападнатиот брод претрпел штета на командниот мост. За среќа, сите членови на екипажот се неповредени и во моментов се безбедни, а UKMTO додава дека не е регистрирано загадување на

Утре во Скопје ќе се прска против комарци

Авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци ќе се изврши утре во раните утрински часови на скопската територија, информираа од Град Скопје. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе

Евростат: Македонија со најниски цени во Европа

Македонија е најевтина земја во Европа според најновите податоци на Евростат. Но, иако цените се најниски, тоа не значи и повисок животен стандард, бидејќи економистите нагласуваат дека ниските цени најчесто се поврзани
Go toTop