Разорните земјотреси што ја потресоа Туркије досега одзедоа 12.873 животи

February 9, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Најмалку 12.873 луѓе загинаа, а 62.937 се повредени по двата разорни земјотреси кои во понеделникот ги потресоа јужните делови на Туркије, соопшти турската Агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби (AFAD), јавува Анадолу.

Земјотреси со интензитет од 7,7 и 7,6 степени со епицентри во турската област Кахраманмараш, сериозно потресоа 10 области во Туркије, од кои се погодени 13 милиони луѓе.

„Во погодените региони распоредени се повеќе од 113.000 спасувачи, медицински и друг персонал и поставени се над 50.000 шатори“, се наведува во соопштението на АФАД.

Освен спасувачките тимови, во погодените подрачја се испратени и ќебиња, шатори, храна и тимови за психолошка поддршка.

Според податоците на АФАД, вкупно 50.818 шатори се поставени за преживеаните. На терен се испратени и 5.434 возила, меѓу кои има багери, трактори и булдожери.

За што побрзо изведување на операциите за претрага и спасување, Туркије во вторникот прогласи тромесечна вонредна состојба во 10 турски области, Адан, Адијаман, Дијарбакир, Газиантеп, Хатај, Кахраманмараш, Килис, Малатја, Османије и Шанлиурфа.

– Разорните земјотреси кои ја потресоа Туркије на 6 февруари –

Два силни земјотреси, првиот со интензитет од 7,7 степени по Рихтер, во понеделникот наутро во 4:17 часот по локално време, со епицентар во округот Пазарџик и вториот во 13:24 часот, со интензитет од 7,6 степени по Рихтер, со епицентар во местото Елбистан, ги потресоа јужните делови на Туркије. Епицентрите на земјотресите се регистрирани во турската област Кахраманмараш.

И турските области Газиантеп, Шанлиурфа, Дијарбакир, Адана, Адијаман, Малатја, Османие, Хатај и Килис се тешко погодени од земјотресите. Во текот на денот имаше и голем број последователни потреси со помал интензитет.

Туркије прогласи седумдневна жалост поради разорните земјотреси што ја потресоа земјата.

Земјотресите се почувствуваа и во соседна Сирија, но и во Ирак, Либан, Египет и во други региони.

Во земјотресите кои силно ги потресоа и северните делови на Сирија, животот го загубија најмалку 2.530 лица, а 4.645 се повредени.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Донарума: Ќе направиме се за да го победиме Баерн

Следно

Закана за поставена бомба на софискиот аеродром, се евакуираат патниците

Latest from Blog

Бугарите од Македонија: Нашето вклучување во Уставот на РСМ не може да се опише како „уцена“, „диктат“ или „пречка“ за европската иднина на земјата

Македонските Бугари до ЕУ, ЕП и властите во Софија: Не тргувајте со нашите права, Скопје не користи за да го уништи патот кон Европа Не дозволувајте бугарската заедница кај нас да стане

Петрушевски: Поднесените амандмани се популистички, ДУИ правеле дваесетина буџети и не покажале демократски капацитет

Денес во Собранието на амандманската расправа за предлог буџетот за 2025 година во Комисијата за финансирање и буџет се обрати пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски којшто посочи дека поднесените амандмани од опозициските

Предизвикувањето пожар во Комората е напад врз целокупната адвокатура и правниот систем во државата

Адвокатската комора на Република Македонија најостро го осудува насилниот напад кој се случи ноќеска, на 25 ноември 2024 година, околу 3:30 часот по полноќ, кога непознато лице насилно влегло во Комората и

Ибраими: Министерот Лимани од ниски политички причини го држи во заложништво отворањето на детска градинка во Арачиново и Липково

Градоначалникот на Арачиново го обвини минситерот за труд и социјала Фатмир Лимани дека намерно поради политички причини не ги отвора детските градинки во Арачиново и во Липково и покрај тоа што објектите

Истанбулскиот форум ‘Џиханума’ од 13 до 15 декември ќе ги разгледува современите прашања на исламскиот свет

ИСТАНБУЛ (АА) – Во организација на Здружението за солидарност и соработка „Џиханума“ во Истанбул од 13 до 15 декември ќе се одржи Истанбулски форум на кој ќе се дискутира за предизвиците и
Go toTop