Што пишува во Резолуцијата за геноцидот во Јасеновац што ја усвои Собранието на Црна Гора

June 30, 2024
1 min read

Собранието на Црна Гора пред два дена усвои Резолуција за геноцидот во Јасеновац, а нејзината содржина е објавена на страницата на Собранието.

Во Резолуцијата стои дека според непобитните докази, основан е концентрационен логор на смртта во Јасеновац во кој во периодот од 1941-1945 година биле мачени и убивани Срби, Евреи, Роми, Хрвати како и припадници на други народи.

Понатаму се наведува дека одговорноста може да биде исклучиво индивидуална, како и дека ниту еден народ не може да биде означен како геноциден или злосторнички.

„Со длабоко сочувство кон жртвите на геноцидот во Јасеновац во текот на 1941-1945 година, признавајќи дека во 2025 година ќе биде осумдесетта годишнина од овој ужасен злостор, а препознавајќи дека на 22 април 1945 година логорот на смртта во Јасеновац беше распуштен и на тој ден последните затвореници беа убиени. Собранието на Црна Гора, водено од Повелбата на Обединетите нации, Универзалната декларација за човекови права и Конвенцијата за спречување и казнување на злосторството геноцид одлучува да посвети посебно внимание на комеморацијата и осудата на злосторствата извршени во овој логор на смртта“, стои во Резолуцијата.

Собранието утврди дека 22 април ќе биде официјално признаен како ден на сеќавање на геноцидот во Јасеновац, кој ќе се одбележува секоја година.

„Собранието на Црна Гора го осудува секое негирање на геноцидот во Јасеновац и повикува на зачувување на сеќавањето на тие трагични настани преку образовни програми и активности кои ќе спречат било каква форма на ревизионизам“, се наведува во Резолуцијата.

Собранието преку Резолуцијата се обврзува дека активно ќе придонесе за зачувување на сеќавањето на жртвите на геноцидот во Јасеновац и ќе промовира толеранција, разбирање и борба против сите форми на омраза и дискриминација.

„Се поттикнува одбележувањето на 22 април како ден на сеќавање на жртвите на геноцидот во Јасеновац што е извршен во текот на 1941-1945 година и Собранието секоја година ќе испраќа делегација која ќе учествува во програмите за комеморација.“

На крајот, Собранието на Црна Гора ги охрабрува државните органи на сите нивоа, Претседателот на Црна Гора, граѓанското општество, вклучувајќи невладини организации, академски институции и други релевантни страни, да го одбележуваат 22 април, вклучувајќи организирање посебни настани и активности во сеќавање и чест на жртвите на геноцидот во Јасеновац.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Околу 62 % од светското население користи социјални мрежи

Следно

Дали Боливиецот сам си направи пуч за да испадне фраер?

Latest from Blog

Ѓоковиќ против Медведев ќе игра за историја, квотите велат Русинот е фаворит

Најуспешниот тенисер во историјата, Новак Ѓоковиќ, откако вчера го совлада Александер Зверев за 32-ра победа на 32-риот свој меч во Пекинг, денеска има нов предизвик, игра полуфинале со Данил Медведев и продолжува

И покрај поразот од 0-7: Славен Билиќ останува селектор на Хрватска

Хрватската репрезентација го доживеа најтешкиот пораз во својата историја, откако Англија славеше со неверојатни 7:0 во Риека. По натпреварот во центарот на вниманието се најде иднината на селекторот Славен Билиќ. Дел од

Никарагва одлучи да го раскине договорот од 1987 година

Како што соопшти Министерството вчера, „остварувајќи го своето суверено право“, Никарагва одлучи да го раскине договорот од 1987 година со кој беше формиран парламентот за шест централноамерикански држави, одлуката стапува на сила
Go toTop