Дали Боливиецот сам си направи пуч за да испадне фраер?

June 30, 2024
1 min read

Завршната сцена од неодамнешниот воен удар во Боливија стварно личеше на сцена од филм на Серџо Леоне. Преку централниот плоштад Ла Паз, неколку воени возила упаднаа во просторот на претседателската палата на чии порти, водачот на пучот, сега сменетиот и уапсен генерал Хуан Хозе Зунига, се соочи очи в очи со претседателот по чие рушење беше дојден.

„Јас сум ваш командант и ви наредувам веднаш да ги повлечете војниците, генерале!“, решително в лице му нареди претседателот Луис Арсе.

Гле чуда, кратко потоа, генерал Зунига навистина се повлече, влезе во возило и замина од таму.

Сцената траеше само неколку минути а целата фертутма, од почеток до крај, траеше само три часа, без ниедна жртва и без ниеден испукан куршум, малку необично за воени удари секаде, особено во Латинска Америка.

Таа држава со 12,5 милиони луѓе има видено околу 190 државни удари, воени диктатури и револуции, откако се стекна со независност во 1825 година.

Веднаш штом работите се вратија во нормала, започнаа гласини дека тука нешто изгледа бааги наместено. Непосредно пред да биде приведен, главниот заговорник Зунига самиот посеа семе на сомнеж, велејќи им на новинарите дека Арсе му наредил да изврши лажен државен удар во обид да ја зголеми својата популарност.

Ваквите сомнежи ги прифати и опозицијата која сега бара парламентарна истрага дали Арсе сам инсценираше воен удар.

 „Има индикации, докази и изјави кои ни даваат за право да се сомневаме дека овој пуч е однапред смислен со учество на извршната власт“, рече опозициониот пратеник Алехандро Рејес.

Она што е несомнено е дека Арсе води земја со економија која пропаѓа. Во услови на пад на извозот на гас и намалени девизни резерви, се зголемуваат протестите поради зголемувањето на цените на храната и недостигот на гориво и американски долари.

А во владеачката партија постојат длабоки поделби и жестока борба за контрола меѓу Арсе и поранешниот претседател Ево Моралес, кој беше сменет во 2019 година поради обвинувањата за изборна измама, што тој ги негираше.

Моралес беше меѓу првите што го осуди обидот за државен удар, но подоцна се посомнева во неговата автентичност:

„Не знам за каков државен удар се работи? Пуч со нула повредени, нула истрели од огнено оружје, нула смртни случаи“, рече Моралес.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Што пишува во Резолуцијата за геноцидот во Јасеновац што ја усвои Собранието на Црна Гора

Следно

Нојер собори рекорд на Швајнштајгер

Latest from Blog

ПОЗНАТА ШЕМА? Погледнете што CNN забележа на Flight Radar околу Куба

Летовите на американската воена разузнавачка служба покрај брегот на Куба нагло се интензивираа, се наведува во анализата на CNN на јавно достапните податоци за воздушниот сообраќај. Од 4 февруари, морнарицата и воздухопловните

Дел од Кисела Вода во понеделник без струја – ЕВН најави прекин

Од ЕВН Македонија АД информираат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, утре без електрична енергија ќе останат дел од жителите на Општина Кисела Вода. Според најавата, прекинот ќе биде во периодот

Титула заверена на „Ел Класико“: Барса со победа над Реал до 29. шампионски наслов (ВИДЕО)

Фудбалерите на Барселона за само 18 минути ја освоија 29-тата титула шампион на Шпанија, откако на домашен терен го победија Реал Мадрид со 2:0 во „Ел Класико“ натпреварот од 35-тото коло на

ИДФ: Либански проектил падна на израелска територија

ИДФ соопшти дека нема повредени и дека е подигната тревога во областа Рамат непосредно пред инцидентот. „Уште еднаш, странската терористичка организација Хезболах го прекрши договорот за прекин на огнот“, соопшти Израелската војска
Go toTop