Извештај вонреден надзор: Новороденчето од Ресен починало од неразвиени бели дробови

June 24, 2024
1 min read

Кај новороденчето од Ресен, кое почина на 15 јуни при транспортот од Битолската болница за Детската клиника во Скопје, дијагностициран е респираторен дистрес синдром, а причината поради која настанала смрт 30 часа по раѓањето е затајување на кардиореспираторниот систем ова е наведено во соопштението на Државниот здравствен и санитарен инспекторат по вонредниот инспекциски надзор направен во Клиничката болница во Битола, на Детската клиника во Скопје и во приватна гинеколошка ординација во Битола. Во соопштението се вели дека не се констатирани други неправилности. Но, ДЗСИ ќе иницира формирање на Комисија за стручен надзор од Министерството за здравство за понатаму да се утврди дали имало пропусти при лекувањето на родилката и новороденчето.

„Согласно надлежностите, ДЗСИ ќе иницира формирање на Комисија за стручен надзор До Министерството за здравство со цел да се утврди дали има пропусти во начинот на лекување на родилката и новороденото кај кое настапил смртен исход 30 часа по породувањето.“ – стои во соопштението на ДЗСИ. 

Според извештајот, бебето се родило на 14 јуни со АПГАР 5/7/7 со ливидна кожа, ослабен тонус, рефлекси и брадикардија. Веднаш била направена аспирација, вештачка вентилација и срцева масажа и ординирана терапија. Другиот ден состојбата му се влошила и било транспортирано за Скопје. По патот дошло до дополнително влошување на состојбата и брадикардија. Била спроведена реанимација, но без одговор. Починало на 15 јуни во 16.55 часот. Телото од скопската клиника било вратено назад за Битола.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Петнаесет полицајци и четири цивили загинаа во напади во Дагестан“, соопшти рускиот Истражен комитет

Следно

По Кејт Мидлтон и кралот Чарлс, принцезата Ана заврши во болница – Се огласи Бакингемската палата

Latest from Blog

Скопскиот аеродром бележи силен подем: 34,8% раст и место во европскиот врв

Меѓународниот аеродром Скопје во август забележал значителен раст на патничкиот сообраќај, со што се најде меѓу најбрзорастечките аеродроми во Европа во својата категорија. Според најновиот извештај на ACI EUROPE, патничкиот воздушен сообраќај

Нетанјаху тужи новинари и медиуми

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху поднесе тужба за клевета против три медиумски куќи и шестмина новинари во Израел поради извештаи во кои се тврди дека тој лично бил предупреден за нападот на Хамас

Ајкула залута во јужнокорејско пристаниште, 600.000 луѓе дојдоа да ја видат (ВИДЕО)

Ајкулата, долга приближно 3,5 метри, првпат била забележана на 18 септември во тесен воден канал во рамките на Северното пристаниште на Бусан. Властите вчера се обиделе да спроведат акција за спасување откако
Go toTop