Актер од „Пиратите од Карибите“ убиен од ајкула

June 24, 2024
1 min read

Актерот од „Пиратите од Карибите“ Тамајо Пери почина откако беше нападнат од ајкула додека сурфаше на Хаваи.

Актерот (49) починал во неделата попладне, потврдиле службите за итна помош во Хонолулу на прес-конференција, пренесува Би-би-си.

Screenshot

Службите за итни случаи биле повикани на плажата Малакахана околу 13 часот по локално време.

Пери, кој исто така бил спасител, бил прогласен за мртов од болничарите откако бил донесен на брегот на џет ски.

Тој глумеше во Пиратите од Карибите, поточно во четвртиот филм од франшизата.

Пери глумеше и во Lost, Hawaii Five-0, Blue Crush и Charlie’s Angels 2, а се појави и во реклама за Кока-Кола.

Градоначалникот Рик Бланџарди ја нарече смртта на Пери „трагична загуба“.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Далиќ: Мора да ја победиме Италија, не сакам рано да си одам дома

Следно

Од 1 јули: Грција воведува 6-дневна работна недела!

Latest from Blog

Нетанјаху тужи новинари и медиуми

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху поднесе тужба за клевета против три медиумски куќи и шестмина новинари во Израел поради извештаи во кои се тврди дека тој лично бил предупреден за нападот на Хамас

Ајкула залута во јужнокорејско пристаниште, 600.000 луѓе дојдоа да ја видат (ВИДЕО)

Ајкулата, долга приближно 3,5 метри, првпат била забележана на 18 септември во тесен воден канал во рамките на Северното пристаниште на Бусан. Властите вчера се обиделе да спроведат акција за спасување откако
Go toTop