Борел: Ситуацијата во Газа е „неспоредлива“ поради израелските напади

June 24, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Ситуацијата во Газа, каде што Израел ја продолжува својата воена офанзива од октомври минатата година, стана „неспоредлива“, изјави денес шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, пред состанокот на Советот за надворешни работи на ЕУ во Брисел, при што изрази жалење за смртта на над 100 Палестинци во последните израелски напади во текот на викендот, што тој го опиша како „еден од најкрвавите денови“, известува Анадолу.

Тој ја повтори поддршката за прекин на огнот поддржан од американскиот претседател Џо Бајден, но рече дека можеби нема да биде спроведен поради „недостиг на волја од двете страни“.

„Но ние ќе продолжиме да ги поддржуваме ваквите идеи бидејќи очајно ни е потребен прекин на огнот, со што би се овозможило хуманитарната помош да влезе во Газа, во спротивно, трагедијата ќе биде неспоредлива. Таа веќе е неспоредлива“, рече Борел.

Тој повтори дека испораката на хуманитарна помош во блокираната енклава станала „невозможна“.

Израел уби повеќе од 37.500 Палестинци, повеќето жени и деца, во Газа од упадот на Хамас на 7 октомври 2023 година. На огромни делови од територијата има урнатини, а постои уништувачка блокада за храна, чиста вода и лекови.

Борел зборувајќи дека постои ризик од прелевање на војната во Либан, истакна: „Јас сум многу загрижен, многу повеќе загрижен.“

Израел и Хезболах се вклучени во гранични борби од почетокот на конфликтот во Газа. Неодамна тензиите ескалираа, при што двете страни изјавија дека се подготвени да војуваат.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Најубавите езера за одмор во Европа

Следно

„Вози, вози“, па по некоја казна за несовесно возење тротинет

Latest from Blog

Ајкула залута во јужнокорејско пристаниште, 600.000 луѓе дојдоа да ја видат (ВИДЕО)

Ајкулата, долга приближно 3,5 метри, првпат била забележана на 18 септември во тесен воден канал во рамките на Северното пристаниште на Бусан. Властите вчера се обиделе да спроведат акција за спасување откако

ТС Дуброво по 50 години запишана во сопственост на МЕПСО

По речиси пет децении, еден од долгогодишните имотно-правни проблеми во електроенергетската инфраструктура конечно се решава. Објектите на ТС 400/110 kV Дуброво, изградена во 1977 година, се запишани како сопственост на АД МЕПСО,
Go toTop