Арсовска во СТУДИО 10: Локалната и централната власт не мора да се сакаат, но мора да работат за интересот на граѓаните

June 24, 2024
1 min read

Оној што ќе ја води државата треба да си ги исполни ветувања, а дел од нив се поврзани со локалната самоуправа. Сметаме дека средствата ќе се распределуваат редовно и дека децентрализацијата ќе продолжи. Во овој момент Град Скопје има средства колку една рурална општина во Србија, тоа се 70-ина милиони денари, вели градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, во СТУДИО 10 на ТВ 24.

– Ние не мора да бидеме пријатели ни со Советот на Град Скопје, па ни со Владата но мораме да соработуваме во интерес на граѓаните, рече Арсовска на прашањето дали ќе му честита на Мицкоски на новата Влада.

Арсовска вели дека во изминатите две години било многу тешко, пред се поради енергетската криза при што некои општини ги исклучуваа уличните светла, но град Скопје не го стори тоа ставајќи ја безбедноста на граѓаните на прво место. Во една таква ситуација, помалите општини беа во ситуација да ја молат централната власт за помош, вели Арсовска и додава дека кога би се спровела фискалната децентрализација до тоа нема да дојде.

– Кај нас процентот од ДДВ и други даноци што се одвојуваат за локалната самоуправа е некаде околу 4 отсто, додека европската практика е најмалку 12 отсто па некаде и до една четвртина од прибраните средства, вели Арсовска и додава дека тие средства се одвојуваат за потребите на граѓаните.

Арсовска вели дека во Советот на Град Скопје мнозинството е на ВМРО-ДПМНЕ и дека и досега апелирала да гласаат во интерес на граѓаните, а меѓу проектите е изгласувањето на набавката на нови автобуси за градскиот превоз што веќе дваесет седници не се прави.

– Јас им понудив на советниците тие да одлучат во која банка ќе одат средствата и на кој начин ќе се спроведе тендерот за да нема обвинувања за лични интереси на градоначалничката, вели Арсовска и додава дека во 80 отсто од случаите во Советот нема расположение за гласање на предлозите на градоначалничката.

Во врска со новите еко автобуси, Арсовска вели дека нема ингеренции самата да донесе одлука за нивна набавка туку дека тоа е обврска на Советот. Таа додавата дека тие нови автобуси постепено ќе преминат во бесплатен градски превоз што беше едно од ветувањата и на Арсовска но и на ВМРО-ДПМНЕ.

– Може се да се каже дека е моја вина, но не е така, а граѓаните на крајот ќе сфатат кој е виновен за нереализираните проекти. А нереализирани проекти се оние кои се гласаат во Советот. И за „Бас рапид системот“ одлуката треба да ја донесе Советот. Штетата е за граѓаните кои заслужуваат да се возат во ефикасен и безбеден јавен превоз, а автобусите да доаѓаат на три минути, а не на половина час, вели Арсовска.

Арсовска вели дека на крајот советниците ќе треба да кажат што направиле за тие 500 евра месечен надомест за кој треба да дојдат на само една седница.

 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Најмалку 20 лица загинаа во пожар во фабрика за литиумски батерии во Јужна Кореја

Следно

Украинците или да се фатат за работа или да го фатат патот дома

Latest from Blog

РУСИЈА РАСПОРЕДУВА ВОЈНИЦИ НА ФИНСКАТА ГРАНИЦА

Финска, членка на НАТО, е еден вид сеизмограф за воените планови на Москва кон Западот, а најновите настани во близина на границата на двете земји предизвикуваат загриженост. Границата долга повеќе од 1.300

Времен сообраќаен режим во Чаир поради градежни работи

Поради изведување градежни активности за изградба на улицата „Лазар Трпевски“ (улица „Ферид Мурат“), од денеска ќе биде воведен времен изменет режим на сообраќај во Општина Чаир. Како што информираат од ГД „Гранит“

Венецуелскиот опозициски лидер ослободен од притвор по осум месеци

Гуанипа, еден од најблиските соработници на опозициската лидерка Марија Корина Мачадо, беше во притвор во главниот град Каракас. „Денес сме ослободени. Има многу да се зборува за сегашноста и иднината на Венецуела,

Минчев: Крај на партизацијата, законот за висока раководна служба воведува мерит-систем

По првичните реакции од јавноста и невладиниот сектор во врска со Предлог-законот за висока раководна служба, министерот за јавна администрација, Горан Минчев, во Дневникот на Сител телевизија, појасни дека станува збор за

Драган Ковачки – од армиски офицер и воен разузнавач до прв оперативец на ВМРО

Ковачки бил долгогодишен армиски офицер, кој извршувал разни должности во воената служба за безбедност. Тој ги отфрла обвинувањата на опозицијата дека дезертирал и дека не добил НАТО безбедносен сертификат поради контакти со
Go toTop