Почина фудбалскиот тренер и поранешен селектор на хрватската репрезентација Мирослав Чиро Блажевиќ

February 8, 2023
1 min read

Најголемиот успех во кариерата го постигна со „Динамо Загреб“ во 1982 година, кога стана шампион на Југославија, како и со селекцијата на Хрватска, со која освои бронза на Светското првенство во Франција во 1998 година

Легендарниот фудбалски тренер и поранешен селекрот на хрватската фудбалска репрезентација Мирослав Чиро Блажевиќ почина во средата, на 8 февруари, во Загреб на 88-годишна возраст, по долго и тешко боледување.

Блажевиќ е роден на 10 февруари 1935 година во Травник, Босна и Херцеговина, а фудбалската кариера ја почнува во локалниот клуб „Братство“. Потоа настапува за загрепските клубови „Динамо“ и „Локомотива“, од каде што се сели во Сараево каде што игра до 1958 година.

Најголемиот успех во кариерата го постигна со „Динамо Загреб“ во 1982 година, кога стана шампион на Југославија, како и со селекцијата на Хрватска, со која освои бронза на Светското првенство во Франција во 1998 година

Следните три години настапува за тимот на Риека, а потоа е член на швајцарскиот Сион.

Тренерската кариера ја започнал во швајцарскиот нисколигаш „Веве“. Водел вкупно 19 клубови во Швајцарија, Хрватска, Грција, Словенија, Босна и Херцеговина, Кина и Иран и бил тренер на пет репрезентации (Швајцарија, Хрватска, Иран, Босна и Херцеговина и кинеската репрезентација до 23 години).

Најголемиот успех во кариерата го постигна со „Динамо Загреб“ во 1982 година, кога стана шампион на Југославија, како и со селекцијата на Хрватска, со која освои бронза на Светското првенство во Франција во 1998 година. Блажевиќ е единствениот тренер кој со клубот „Динамо“ освоил шампионски титули во СФРЈ и Хрватска, а воедно и единствениот што го освоил фудбалскиот куп во СФРЈ и Хрватска.

Го водеше „Динамо“ во четири различни мандати и освои три титули во лигата, два купа и еден Суперкуп.

Хрватската фудбалска репрезентација ја водеше 72 пати (33 победи, 24 нерешени и 15 порази).

Тој е единствениот во историјата кој трипати ја добил државната спортска награда „Фрањо Бучар“, а последниот јавен настап го има во декември минатата година, кога во Загреб ја доби наградата „Владимир Беара“ за придонес во развојот на спортска култура и социјална толеранција.

Блажевиќ во 2005 година се кандидираше на претседателските избори во Хрватска и освои 0,80 отсто од гласовите.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Се проширува капацитетот на градинката „Кокиче” во Кисела Вода

Следно

„Мерцедес“ прегази пешак кај Цементара

Latest from Blog

Шмихал: Договорот за минерали со Вашингтон нема да ја вклучува претходната помош

Украина постигна договор, според кој претходната американска помош обезбедена за Киев нема да биде вклучена во договорот за минерали што земјата планира да го потпише со Вашингтон, изјави украинскиот премиер Денис Шмихал.

Горивата поскапуваат!

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во

Раст на цените, закани од Владата: Колку се ефективни мерките?

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, ги предупреди трговците дека ако продолжат со непочитување на владините мерки за контрола на цените, ќе бидат применети поригорозни мерки. Во случај на значителни поскапувања

Казни до 5.000 евра за продажба и купување е-цигари со арома во Словенија

Во Словенија стапи во сила забраната за сите ароми, освен тутунските, кај електронските цигари и нивните дополнувања. Здравствениот инспекторат и Управата за јавни приходи ќе вршат засилени контроли, а казни им се
Go toTop