Се проширува капацитетот на градинката „Кокиче” во Кисела Вода

1 min read

Општина Кисела Вода ги проширува капацитетите на градинката ,,Кокиче” во Кисела Вода која од оваа пролет ќе може да прими 150 дечиња.

– Ова е уште еден сериозен чекор напред во целосната реализација на моето ветување дадено пред граѓаните – во општина Кисела Вода повеќе да нема листи на чекање за упис во градинка, напиша градоначалникот Орце Ѓорѓиевски на Фејсбук.

Вратите наскоро ги отвора и ,,Симба”, која е првиот објект за згрижување на деца од предучилишна возраст во Усје и која ја чекаат семејствата со дечиња од населбите Усје, Градинар и Стаклара. Покрај тоа, таа е и прва инклузивна детска градинка во Скопје.

– Сето ова говори за нашата посветена работа во целиот овој 14 месечен период во кој успеавме од наследена листа за чекање за упис во градинка со дури 420 дечиња, оваа бројка да ја сведеме на помала од 100. Сакам да најавам дека оваа година деценискиот горлив проблем со згрижувањето и негата на нашите најмлади ќе биде целосно решен, информира Ѓорѓиевски.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

Претходно

Ердоган во посета на регионите на југот од Туркије погодени од земјотресите

Следно

Почина фудбалскиот тренер и поранешен селектор на хрватската репрезентација Мирослав Чиро Блажевиќ

Latest from Blog