ЛУДА ПРИКАЗНА: Ѕвездата на Англија кај гатач, на Фоден му „гледале“ на тарот пред ЕП

June 14, 2024
1 min read

Сведоци сме на многу луди приказни во светот на фудбалот. Особено кога суеверието е во прашање. Сите се сеќаваат на поранешниот селектор на Франција, Рајмон Доменек, кој ги избра стартните 11 според хороскопот?! Нешто слично направи и Фил Фоден.

Ѕвездата на англиската репрезентација и официјално најдобар играч на Премиер лигата минатата сезона посетил гатач со сопругата Ребека?!

Како што пренесува The Sun, неколку дена пред почетокот на Европското првенство во Германија, фудбалерот на Манчестер Сити ја ангажирал јасновидката Клои Смит, која му „прочитала“ во тарот карти.

Имено, Клои во изјава за англиските медиуми истакна дека ужива во читањето за „многу духовните“ Фил и Ребека.

– Фил беше исто толку заинтересиран како Ребека да го заврши читањето тарот, особено за претстојниот голем турнир. Да се ​​надеваме дека Клои му рекла „фудбалот се враќа дома“! Фоден е многу поврзан со своите чувства и сакаше да види дали Клои може да му даде некаков увид во иднината – изјави извор близок до играчот на Манчестер Сити.

Интересно, Фил Фоден бил толку импресиониран од Клои што на своите следбеници на Инстаграм им понудил попуст на нејзините услуги?!

Навистина неверојатна приказна….

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Условни казни за „кошкачите“ во М-НАВ

Следно

Скандал во „Никогаш не е доцна“: Заради местење при гласањето дисквалификувани се двајца кандидати

Latest from Blog

Ајкула залута во јужнокорејско пристаниште, 600.000 луѓе дојдоа да ја видат (ВИДЕО)

Ајкулата, долга приближно 3,5 метри, првпат била забележана на 18 септември во тесен воден канал во рамките на Северното пристаниште на Бусан. Властите вчера се обиделе да спроведат акција за спасување откако

ТС Дуброво по 50 години запишана во сопственост на МЕПСО

По речиси пет децении, еден од долгогодишните имотно-правни проблеми во електроенергетската инфраструктура конечно се решава. Објектите на ТС 400/110 kV Дуброво, изградена во 1977 година, се запишани како сопственост на АД МЕПСО,
Go toTop