Почина француската поп икона Франсоаз Арди

June 12, 2024
2 mins read

Франсоаз Мадел Арди, француската кантавторка чиј меланхоличен глас, сензуална убавина и чувство за стил ја направија меѓународна сензација во нејзините тинејџерски години, одушевувајќи ги модните дизајнери и познатите музичари како Боб Дилан и Дејвид Боуви, почина на 80-годишна возраст.

Веста за смртта на поп-иконата ја објави нејзиниот син, пејачот и гитарист Тома ДуТронк, на Instagram во средата. Таа боледувала од рак, кој ѝ бил дијагностициран во 2004 година.

Позната по нејзините меланхолични балади, таа го симболизира француското поп движење Yé-yé, таканаречено по нејзината наклонетост кон англиската музика.

Меѓу нејзините најпознати песни се „Tous les garçons et les filles“, „Comment te dire adieu“ и „Mon amie la rose“. Нејзиниот најголем британски хит беше „All Over The World“, англиска верзија на нејзината песна „Dans le monde entier“, која достигна 16-то место на топ листите во јуни 1965 година.

Арди е родена во Париз под нацистичката окупација во 1944 година, а ја израснала нејзината мајка. Како и многу девојки во тоа време, растела слушајќи ги Елвис Присли, Клиф Ричард и други американски и британски ѕвезди на Радио Луксембург, а на само 17 години го потпишала својот прв договор за снимање.

Го оствари својот музички пробив во 1962 година со едноставната тажна песна „Tous les garçons et les filles“, кога пееше за сите момчиња и девојчиња кои одат рака под рака, додека таа „одеше сама по улиците“. Беше инстант-хит во Франција и се најде на топ листите во Велика Британија.

Нејзиниот стил ги освои модните дизајнери, станувајќи модел за Ив Сен Лоран и Пако Рабан, кои за неа дизајнираа мини фустан од минјатурни златни плочки.

Фронтменот на британските рокенрол икони Rolling Stones, Мик Џегер еднаш ја нарече „идеална жена“, додека легендарниот Боб Дилан ѝ напиша неколку љубовни писма и ѝ посвети песна на задната страна на неговиот албум „Ather Side of Bob Dylan“ од 1964 година.

Дејвид Боуви, пак, изјави дека е „многу страсно вљубен од далечина“ во неа, додека култниот кантавтор Ник Дрејк, кој почина прерано, извесно време се пресели во Париз поради неа.

Во текот на нејзината кариера, таа соработуваше со голем број уметници, меѓу кои Блур и Иги Поп.

Арди беше и актерка – појавувајќи се во филмови на режисери како Жан-Лук Годар, Роже Вадим и Џон Франкенхајмер.

Се занимаваше и со пишување фикција и публицистика. Меѓу темите за кои пишуваше била и астрологијата, за која развила љубов во текот на 1970-те.

Еднаш беше во брак, со пејачот Жак ДуТронк, со кој го доби синот Тома. Тие се разведоа на крајот на осумдесеттите, но таа често го нарекуваше својот поранешен сопруг љубовта на нејзиниот живот.

Нејзината кариера траеше повеќе од пет децении, во текот на кои објави речиси 30 албуми. Нејзиниот последен албум, „Personne D’Autre“, беше објавен во 2018 година.

Американскиот музички магазин The Rolling Stone ја смести на 162 место на својата листа на 200 најдобри пејачки на сите времиња објавена во 2023 година.

Меѓу оние кои ѝ оддадоа почит по веста за нејзината смрт беше и француската министерка за култура Рашида Дати, која на социјалните мрежи напиша: „Како да се збогуваме со неа? Вечната Франсоаз Арди, легенда на француската песна, која преку нејзината чувствителност и мелодии влезе во срцето на целата земја“.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

САД и Франција: Македонија да се придржува до меѓународните обврски

Следно

Шкотите не ѝ се плашат на Германија

Latest from Blog

НАД МИЛИОН ЛУЃЕ НА ПОГРЕБОТ НА САИФ АЛ ИСЛАМ ГАДАФИ, силен одговор против насилството и “арапската пролет“ (ФОТО)

Повеќе од 1.000.000 луѓе присуствуваа на погребот на Саиф ал-Ислам Гадафи, син на убиениот либиски лидер Моамер Гадафи, мавтајќи со зелени знамиња, симбол на владеењето на неговиот татко, објави „Ле Фигаро“. Саиф

Петрушевски: Додека Апасиев го плаќаа од СЈО, ги величеше. Кога чешмата секна, почна да ги плука.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, преку објава на социјалните мрежи остро реагираше на мемето што го објави лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев, обвинувајќи го за популизам, лицемерие и злоупотреба на

Коњановски со битолските ловци на традиционална ловечка забава

На покана на Здружението за ловци „СОКОЛ“ – Битола, под мотото „ЗАЕДНО ЗА ТРАДИЦИЈА“, градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на ловечката забава организирана од здружението. Настанот помина во духот на

Трамп и конфликтот со Европа: ЗАД СЕ СТОИ ТАЈНИОТ АРХИТЕКТ НА НОВАТА АМЕРИКАНСКА ПОЛИТИКА

Веројатно никогаш не сте слушнале за Енди Бејкер. Но, тој е водечкиот интелектуалец во Советот за национална безбедност (НСЦ) чии потези би можеле да ја одредат иднината на надворешната политика на Републиканската
Go toTop