Туркије ја поздрави резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за предлогот на Бајден за прекин на огнот во Газа

June 11, 2024
1 min read

ВАШИНГТОН (АА) – Република Туркије го поздрави усвојувањето на резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации (СБОН) со која се бара прекин на огнот во Појасот Газа, соопшти утринава турското Министерство за надворешни работи, нарекувајќи го важен чекор, јавува Анадолу.

„Резолуцијата на Советот за безбедност на ОН 2735, усвоена на 10 јуни, која има цел постигнување прекин на огнот во Газа, ја сметаме како важен чекор кон завршување на масакрот“, се наведува во соопштението од Анкара.

Туркије, исто така, го поздрави конструктивниот и позитивен пристап на Хамас кон планот за прекин на огнот.

„Императив е Израел да ја декларира својата посветеност на спроведувањето постојан прекин на огнот и целосно да ги спроведе сите елементи од резолуцијата“, се вели во соопштението.

Турските власти најавија дека ќе продолжат да придонесуваат во чекорите што ќе обезбедат траен крај на војната, повлекување на Израел од цела Газа, ослободување на заложниците и затворениците, враќање на раселените Палестинци во Газа, непречена и соодветна испорака на хуманитарна помош и обнова на Газа.

Советот за безбедност на ОН усвои нацрт-резолуција со која се бара поддршка за предлогот објавен од американскиот претседател Џо Бајден, кој се состои од три фази и предвидува итен прекин на огнот во Газа.

Нацртот беше предложен од делегацијата на САД и поддржан од 14 земји членки, а Русија беше воздржана.

Во усвоената одлука беше укажано на дипломатските напори на Египет, САД и Катар, а беше поздравен и трифазниот предлог што Бајден го презентираше на 31 мај.

Исто така, се наведува дека Израел ја прифатил понудата на Бајден, а Хамас е повикан да го прифати предложениот план.

Првата фаза од предлогот на Бајден предвидува итен прекин на огнот, ослободување на жени, постари и ранети затвореници, размена на палестински затвореници, повлекување на израелските сили од населените места во Газа, зголемување на хуманитарната помош, реконструкција на основните услуги, враќање на палестинските цивили во нивните домови во целиот Појас, вклучително и Северна Газа.

По договорот на страните, во втората фаза беше предвидено ослободување на сите преостанати затвореници за еднаш засекогаш да се стави крај на кризата, а од Израел беше побарано да се повлече од цела Газа. Во одлуката беше наведено дека во третата фаза ќе има план за обнова на Газа што ќе трае неколку години, а ќе бидат предадени и телата на загинатите затвореници.

Поддржувајќи го решението за две држави, одлуката укажа и на важноста на обединување на Појасот Газа и Западниот Брег под палестинска управа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

Деветмина Палестинци, меѓу кои и деца, загинаа во израелските воздушни напади врз домови во градот Газа

Следно

Пациентите бараат чаре во приватни клиники, лекарите чекаат помош

Latest from Blog

Милитантната Курдска работничка партија (ПКК) СЕ САМОРАСПУШТИ

Милитантната група Курдската работничка партија (ПКК), која повеќе од четири децении водеше крвава војна со турските власти, објави дека се распушта и дека ќе го предаде оружјето. „Ја остваривме својата историска мисија.

Кубилиус: Украина ќе биде најважниот дел од идната европска безбедносна архитектура

Еврокомесарот за одбрана Андриус Кубилиус денеска изјави дека Украина ќе биде најважниот дел од идната европска безбедносна архитектура. Тој, на Форумот во Брисел посветен на одбранбената индустрија, истакна дека Украина набрзо ќе

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Дизелот од ноќеска на полноќ поевтинува за половина денар по литар, а цената на бензините се зголемува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување

Франција ја повика ЕУ да го преиспита договорот за партнерство со Израел

ИСТАНБУЛ (АА) – Франција ја повика Европската комисија итно да го преиспита Договорот за асоцијација меѓу Европската Унија (ЕУ) и Израел, повикувајќи се на влошената хуманитарна состојба во Појасот Газа и сомнежите
Go toTop