„Туркиш ерлајнс“ по седми пат прогласена за највреден бренд на Туркије

June 5, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – „Туркиш ерлајнс“ и оваа година е рангирана како највреден бренд на Туркије веќе седма година со вредност од 1,98 милијарди долари, соопшти денес Бренд фајнанс (Brand Finance), водечка светска консултантска компанија за вреднување брендови, јавува Анадолу.

Вредноста на брендот на турскиот национален авиопревозник малку се намали од минатата 2023 година, кога изнесуваше 2 милијарди долари.

Големите турски производители на апарати „Арчелик“ и „Вестел“ се следни по авиопревозникот со вредност од 1,26 милијарди долари, осносно 917 милиони долари.

Приватниот заемодавец Ишбанк ја престигна компанијата за финансиски услуги Гаранти ББВА, неговата вредност на брендот се зголеми на 859 милиони долари оваа година од 736 милиони долари минатата година и се најде на четврто место.

Гаранти ББВА се рангираше на петтото место и покрај тоа што ја подигна вредноста на својот бренд од 767 милиони долари во 2023 година на 831 милион долари во 2024 година.

Производителот на автомобили Форд Отосан (816 милиони долари), државната Зират банка (665 милиони долари), приватниот заемодавец Јапи Креди (596 милиони долари), модниот бренд ЛЦ Ваикики (542 милиона долари) и приватниот заемодавец Акбанк (532 милиона долари) ги заокружија првите 10 највредни турски брендови.

Коментирајќи ги резултатите во посебна изјава, претседателот на „Туркиш ерлајнс“, Ахмет Болат, рече дека задржувањето на првото место меѓу највредните брендови на годинашното рангирање „го мотивира целото семејство на ‘Туркиш ерлајнс’ за поголем успех“.

„Ќе продолжиме да го зголемуваме нашиот придонес за Туркије, нашата економија, вработувањето и сите сектори со кои сме поврзани“, додаде Болат.

Пресметувајќи ја финансиската вредност на брендовите повеќе од 20 години, Бренд фајнанс сега проценува 5.000 бренда секоја година.

„Туркиш ерлајнс“, основана во 1933 година со флота од пет авиони, моментно може да се пофали со флота од 456 (патнички и товарни) авиони што летаат до 346 дестинации во светот, 293 меѓународни и 53 домашни.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кина соопшти дека успешно тестирала испорака со дрон на Монт Еверест

Следно

ВИОЛИНИСТОТ ЏУЛИЈАН РАХЛИН ОД ЛИТВАНИЈА ГО ОТВОРА „ОХРИДСКО ЛЕТО“ НА 12 ЈУЛИ

Latest from Blog

Во Иран се уапсени истакнати реформистички политичари

Уапсена е Азар Мансури, лидерка на реформистичката партија, заедно со неколку други политичари, наведуваат медиумите. Иранска новинска агенција го потврди апсењето на четворица политичари, но не ги именуваше. Според агенцијата, политичарите се

Од визија до акција – Божиновска за улогата на жените во енергетиката

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска се обрати на настан во рамки на проектот ELeVATE, посветен на охрабрување и поддршка на девојки и жени за кариера во Net-Zero технологии,

Божиновска алармира: Со вакво темпо, за родова еднаквост ќе ни требаат 57 години – жените во енергетиката ни се потребни денес

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, се обрати на настан организиран во рамки на проектот ELeVATE (2025–2028), посветен на охрабрување и поддршка на девојки и жени за развој на

Млекара доминира со блок-трансакција, берзата стабилна со минимален пад на МБИ10 од 0.03%

Изготвено од Илирида Инвестментс АД Скопје, врз основа на официјални податоци од Македонска берза На берзанската сесија од 9 февруари 2026 година, индексот МБИ10 забележа минимален пад од 0,03% и ја заврши

Млекара со доминантен промет преку блок-трансакција – МБИ10 со минимален пад од 0,03%

Вкупен промет од 483,21 милиони денари и стабилен ОМБ – сесијата обележана од блокови Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На берзанската сесија од
Go toTop