ВИОЛИНИСТОТ ЏУЛИЈАН РАХЛИН ОД ЛИТВАНИЈА ГО ОТВОРА „ОХРИДСКО ЛЕТО“ НА 12 ЈУЛИ

June 5, 2024
1 min read

Светски познатиот виолинист Џулијан Рахлин од Литванија, на 12 јули на Античкиот театар во Охрид  ќе го отвори 64. издание на фестивалот „Охридско лето“, соопшти директорката Наташа Поповиќ, објавувајќи ја фестивалската програма.

„Џулијан Рахлин е еден од највозбудливите и најпочитуваните виолинисти кој  ја маѓепсува публиката низ целиот свет со неговиот исклучително богат звук, беспрекорна изведба и маестрална интерпретација. Славниот виолинист и диригент ќе настапи заедно со оркестарот на Филхармонијата“, изјави Поповиќ.

Античкиот театар, Долни Сарај, црквата „Света Софија“  и нејзиното предворје, како и  Центарот за култура „Григор Прличев“ и годинава ќе бидат локациите каде од 12 јули до 20 август ќе се одржува фестивалот.

„Ќе пречекаме над 500 уметници од 24 земји: Србија, Литванија, Словенија, Германија, Австрија, Велика Британија, Италија, Јапонија, Русија, Чешка, Венецуела, Бразил, Шпанија, Црна Гора, САД, Хрватска, Словачка, Романија, Грција, Кина, Полска, Франција, Белгија и секако, уметници од Македонија“, најави Поповиќ.

Уметничката програма ја направија селекторките Бисера Чадловска и Сања Арсовска, а ќе се одржат  36 настани од кои најголемиот дел се од областа на класичната музика, шест театарски претстави, и по една изложба и промоција на книга.

„Посебно ме радува што и годинава успешно го реализиравме проектот ‘Концерти преку цела година’, со што понудивме исклучително квалитетни настани. Со ваквата новина обезбедивме континуитет во поглед на успешна и квалитетна програма која ќе му даде обележје на фестивал кој ги следи светските трендови, рече Поповиќ.

М. ЏАРОВСКА

ИЗВОР: sdk.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Туркиш ерлајнс“ по седми пат прогласена за највреден бренд на Туркије

Следно

Ѓоковиќ опериран, го пропушта Вимблдон

Latest from Blog

Николоски: Инвестициите во Коридорите 8 и 10 ќе ја поврзат Македонија со регионот и ќе донесат силен економски развој

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски денеска на два одвоени форуми „Македонија 2025“ и Македонско-Албанскиот бизнис форум ги презентираше клучните инфраструктурни проекти, инвестициите и нивното економско влијание врз државата

Поранешна фудбалерка стана прв спортски директор на Бундеслигаш

Поранешната професионална фудбалерка Кетлин Кригер ќе стане нов спортски директор на бундеслигашкиот клуб Хамбургер , наследувајќи го Стефан Кунц. Клубот од Северна Германија го објави ова во вторник. Хамбургер не ја откри

„Златната купола“ на Трамп ќе чини 1,2 билиони долари, тој најави дека ќе биде далеку поевтина

Планот на претседателот Доналд Трамп за поставување оружје во вселената, програмата за ракетна одбрана позната како „Златната купола на Америка“, ќе чини околу 1,2 трилиони долари во текот на 20 години, според
Go toTop