Поротата во Њујорк го прогласи Трамп за виновен по сите обвиненија за фалсификување документи и поткуп

May 31, 2024
2 mins read

Доналд Трамп стана првиот претседател во историјата на САД кој е осуден за сторено кривично дело откако Поротата во Њујорк го прогласи за виновен за фалсификување документи и поткуп на актерка во филмови за возрасни.

По разгледувањето на исказите и доказите презентирани пред судот, 12-те поротници го прогласија Трамп за виновен по сите 34 точки од обвинението..Трамп е обвинет за фалсификување компаниски документи и организација на исплата на 130.000 долари на Сторми Дениелс, актерка во порно филмови, за таа да молчи дека имала врска со него.

Исплатата ја извршил неговиот тогашен адвокат Мајкл Коен, кој откри дека настанот се случил неколку недели пред претседателските избори во 2016 година. Трамп потоа фалсификувал документи за да му ги врати парите на Коен.

Наша работа е да ги следиме фактите и законот без страв. И токму тоа го направивме. Она што го чувствувам е благодарност што работам заедно со феноменални јавни службеници кои го прават тоа секој ден за прашањата за кои сите пишувате. Ја завршив мојата работа. Ја завршивме нашата работа. Единствениот глас што е важен е гласот на поротата. И поротата одговори.“ – изјавио Алвин Браг јавен обвинител на Менхетн.

По изрекувањето на пресудата Трамп го спомена Сорос, кој како подржувач на демократите одиграл улога во целиот преоцес но ја обвини и Белата куќа дека се обидува да отстрани политички противник со помош на судскиот систем.

„Ова беше срамно. Ова беше фалсификуван судски процес предводен од корумпиран судија. Ова е фалсификуван суд, срам. Тие не ни дадоа да го смениме местото на судот. Во овој избирачки округ ние имаме пет или шест отсто подржувачи. Ова беше срамотно и наместено судење. Вистинската одлука ќе ја донесат луѓето на 5-ти ноември. Сите знаат што се случи тука. НЕ направивме ништо лошо и јас не сум виновен. Се борам за нашата држава, се борам за нашиот устав. Ова го направи администрацијата на Бајден со цел да му наштети на политички противник.“ – изјави Трамп.

Од тимот на актуелниот претседател Џо Бајден, велат дека одлуката на поротата во Њујорк, покажала дека никој не е над законот и уште еднаш порачаа дека Трамп преставува закана по американската демократија.

„Доналд Трамп секогаш сметаше дека не е загрозен од никакви последици за кршење на законот за да постига лични цели. Останува само еден начин Доналд Трамп да не стапне во Овалната соба , а тоа е гласачката кутија. Било тој да е осуден криминалец или не, Трамп ќе биде кандидат за претседател од Републиканската партија. Таа закана никогаш не била поголема.“ – изјави Мајкл Тајлер, директор за комуникации на предизборната кампања на Џо Бајден.

Каква казна ќе следува за Трамп треба да одреди судијата Хуан Мерчан, кој претседаваше со судењето а изрекувањето е закажано за 11 јули, само неколку дена пред Трамп и официјално да ја добие претседателската номинација на Реепубликанската партија.

Висината на казната може да биде неколку години затвор, но многумина за слични злосторство добивале и условна казна. Сепак Трамп и да добие казна тоа нема да му пречи во неговата изборна кампања и во трката да стане претседател. Со оглед на тоа дека уставот на САД не забранува затвореник или некој кој е на условно да се кандидира за функција или да стане претседател.

Извор: 24vesti.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Ердоган во Анкара го прими косовскиот премиер Курти

Следно

Сиригос за ТВ 24: Грција ќе ги ратификува трите меморандуми кога ќе види дека новата македонска влада го користи „Северна Македонија“

Latest from Blog

ИК на ВМРО-ДПМНЕ: Мицкоски овластен да предложи нови кадровски решенија

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одржа седница на која се дискутираше за актуелната економска и политичка состојба во државата Во рамки на седницата, Извршниот комитет го овласти претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, да

Вечерва во Базел почнува Песна на Евровизија

Вечерва, 13 мај, во Базел почнува 69тото издание на Песна на Евровизија. Водителки на годинашниот избор ќе бидат Хејзел Бругер и Сандра Студер. Во првото полуфинале ќе се натпреваруваат 15 земји, а ќе

Зоровски во Аргумент плус: Регионална депонија е решение за отпадот во Буково

Ѓоко Зоровски  од граѓанската иницијатива „Збогум Буково“ во Аргумент плус рече дека, во депонијата со години се шири чад и миризба која ги туре граѓаните. Според него, решението е регионална депонија. „Она

Проблем за Елмас: Лајпциг не дава попуст, а Торино не сака да ја плати клаузулата

Елиф Елмас игра во одлична форма по позајмицата од Лајпциг во Торино, но како што одминува времето така се намалуваат и шансите италијанскиот клуб да го откупи договорот на македонскиот „дијамант“ и

Ќе се основа Факултет за медицински науки и здравство при Битолскиот универзитет

Денеска на 74-тата владина седница разгледана и усвоена е информација за потреба за основање Факултет за медицински науки и здравство при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола. Како што велат од Владата,
Go toTop