КОНФЕРЕНЦИЈА ВО ЧЕСТ НА 85 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА ЃОРЃЕ МАРЈАНОВИЌ УТРЕ НА ПРАВНИОТ ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕ

May 27, 2024
1 min read

Утре (28) мај во 12 часот на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје ќе се одржи конференцијата „Разговори со Ѓорѓи Марјановиќ“, во чест одбележување на 85 години од раѓањето на професорот Марјановиќ, кој почина во 2022.

Конференцијата ја организираат Фондацијата „Ѓорѓи Марјановиќ“ и Факултетот каде Марјановиќ предаваше Кривично право.

Тема на конференцијата е „Како Македонија може да стане пристојно место за живеење“, а ќе говорат проф. д-р Сашо Георгиевски, декан на факултетот, и Александар Марјановиќ, директор на Фондацијата, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, Никола Димитров, поранешен министер за надворешни работи, Никица Мојсоска-Блажевски, извршна директорка на „Македонија 2025“ и новинарот Бранко Героски.

На настанот ќе бидат промовирани книгите „Собрани стручни трудови“ од Ѓорѓи Марјановиќ и „Разговори со професорот Ѓорѓи Марјановиќ“ од Бранко Секуловски. Промотори на книгите ќе бидат професорот Гордан Калајџиев и Владимир Петрушевски-Фили.

Марјановиќ беше почесен претседател на Лигата за демократија и дисидент од времето на комунизмот.

Дипломирал на Правниот факултет во Скопје во 1962, магистрирал на постдипломските студии по казнено-правни науки на Правниот факултет во Загреб во 1968 со тезата „Правните последици на осудата”.

Докторирал на Правниот факултет во Скопје во 1973 со тезата „Правната положба на осуденикот по издржаната казна”. Сиот работен век, освен приправничкиот стаж (1962-1964) во Основниот суд-Скопје 2, го поминал на Правниот факултет во Скопје, од изборот за асистент во 1965 , до редовен професор (1985-2001).

За време на комунизмот професионално се ангажирал за слобода на уверувањето, совеста, мислата и нејзиното јавно изразување, покренувајќи го прашањето за укинување на некои тогаш мошне проблематични инкриминации.

Низ богатиот работен век професор Марјановиќ објави многу трудови и преведе светски дела меѓу кои и класиките на Марсел Пруст. Беше и еден од најчитаните колумнисти, а по локалните избори 2005 година беше советник во Советот на град Скопје.

ИЗВОР: sdk.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Овие почнаа да се напнуваат

Следно

Чави: Сакав да останам во Барселона, но ми рекоа дека не можам

Latest from Blog

Тежок пораз за Трамп

Трамп ја потпиша оваа наредба на првиот ден од неговото враќање на функцијата во јануари минатата година, кога започна нова кампања против нелегалната имиграција. Целта на наредбата беше да се одземе американското

Ова се имињата на новите министри – УМС и УЖ добија нови претседатели

Нов министер за здравство ќе биде Сашо Клековски, додека министерството за социјална политика ќе го превземе Ѓоко Велковски Нов директор на Фондот за здравство од каде доаѓа Клековски, ќе биде Златко Перински,

Легендите на клубот се менуваат како на лента… Радосав Петровиќ е нов спортски директор на ФК Партизан

Превирањата, новитетите и промоциите на нови ликови во ФК Партизан периодов се случуваат секојдневно и јавноста во Србија буквално оди со вести во низа кога е во прашање клубот од стадионот ЈНА.

Меџити: Чаир влегува во нова фаза од изградбата на плоштадот „Скендербег“

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, соопшти дека Владата донела одлука за пренос на сопственоста на земјиштето на плоштадот „Скендербег“ на Општина Чаир, со што, како што наведе, се отстранува последната административна

Катастрофа во Венецуела: Над 43.000 лица водат како исчезнати по разорни земјотреси

Според најновите информации, сè уште нема никаков контакт со 43.251 пријавено лице, иако оваа бројка бележи благ пад во однос на претходниот ден. Официјалните власти соопштија дека досега е потврдена смртта на
Go toTop