„ЧОВЕКОТ КОЈ НЕ МОЖЕШЕ ДА МОЛЧИ“ НА НЕБОЈША СЛИЈЕПЧЕВИЌ Е ПРВИОТ ХРВАТСКИ ФИЛМ КОЈ ОСВОИ ЗЛАТНА ПАЛМА ВО КАН

May 26, 2024
1 min read

„Човекот кој не можеше да молчи“ на режисерот и сценарист Небојша Слијепчевиќ стана првиот хрватски филм кој освоил Златна палма на Канскиот фестивал. Овој филм победи во конкуренција на најдобри краткометражни филмови.

Филмот е снимен во копродукција со Бугарија, Франција и Словенија, а во актерската екипа се Горан Богдан, Алексис Маненти и Драган Миќановиќ.

Заснован врз вистински настан, дејството се случува во 1993 година на малата железничка станица во Штрпце, БиХ, кога паравоени сили запираат патнички воз на релацијата Белград-Бар. Додека одведуваат невини цивили, само еден од 500 патници им се спротивставува.

„Фантастично беше искуството што снимавме со меѓународна екипа. Актерите доаѓаат од многу земји, како Горан Богдан од Хрватска, Алексис Маненти од Франција и Драган Миќановиќ од Србија, кои сите се многу букирани. Подобро не можеше да биде“, изјави Слијепчевиќ.

Претходно, само уште еден хрватски филм беше во главната натпреварувачка програма во Кан, „Чао мама“ на Горан Одворчиќ во 2009.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Слики на преглед!

Следно

Египетски Ал Ахли по 12 пат првак на Африка

Latest from Blog

Нетанјаху: Копилотот на авионот на „Флајдубаи“ бил подложен на радикална исламистичка индоктринација

Копилотот на патничкиот авион кој го избоде капетанот во очигледен обид да го собори авионот додека летал кон Израел, бил подложен на радикална исламистичка индоктринација и очигледно имал самоубиствени намери, изјави  израелскиот

Група студенти седум часа силувале своја колешка- скандал на елитен универзитет во САД (ФОТО)

Како што е сега познато, истрагата потоа била прекината. Сепак, обвинителството сега повторно го отвори случајот. На 8 ноември 2024 година, тогаш 20-годишната студентка се појавила во полициската станица на универзитетот и

Шок во Белград: Мајк Џејмс во солзи ја напушти арената на носилки (Видео)

Шокантни сцени во Белград. Една од најголемите ѕвезди на Евролигата, Мајк Џејмс, се здоби со тешка повреда на натпреварот меѓу Црвена ѕвезда и Анадолу Ефес. Американскиот кошаркар се повреди во третата четвртина,
Go toTop