Почна одбројувањето за саемот на е-трговија, ВОРЛДЕФ Истанбул 2024

May 25, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Саемот за е-трговија, ВОРЛДЕФ Истанбул 2024 (WORLDEF Istanbul 2024), ќе ги собере на едно место клучните личности од Туркије и од глобалниот малопродажен екосистем на е-трговијата.

Настанот, на кој Анадолу е глобален комуникациски партнер, ќе се одржи во Истанбул Јеникапи просторот за настани од 6 до 8 јуни.

Од ВОРЛДЕФ соопштија дека на настанот очекуваат над 20.000 посетители од 40 земји.

„ВОРЛДЕФ Истанбул 2024 им нуди на турските производители и малопродажни брендови шанса да влезат на глобалните пазари“, рече претседателот на ВОРЛДЕФ, Омер Нарт.

Тој истакна дека е подготвена специјална програма фокусирана на технологии за малопродажба и е-трговија, вклучувајќи нов систем за поврзување бизнис со бизнис (B2B), за поттикнување на бизнис соработките.

Настанот ќе има павилјон за производители фокусирани на е-трговијата, каде што главните глобални купувачи ќе се сретнат со производителите од е-трговија.

„Учесниците ќе бидат категоризирани во павилјони, минимизирајќи ја конкуренцијата и максимизирајќи ја соработката. Овој пристап ќе овозможи значителна трговија на штандовите на производителите“, додаде Нарт.

Тридневниот саем ветува искуства насочени кон е-трговијата и има за цел да биде најголемиот настан за е-трговија годинава во Истанбул.

Нарт ги истакна придобивките за турските брендови, како вмрежувањето со глобалните пазари и потенцијалните клиенти.

ВОРЛДЕФ Истанбул 2024 ќе биде домаќин на повеќе од 200 говорници и преку 450 малопродажни брендови, производители и добавувачи на простор од 9.200 квадратни метри.

На саемот за е-трговија ќе учествуваат и даватели на услуги, инвеститори во е-трговијата и претприемачи, а ќе учествуваат и повеќе од 1.500 трговци кои продаваат на глобалните пазари како Амазон и Етси.

Позициониран како еден од најголемите светски саеми за е-трговија, ВОРЛДЕФ Истанбул ќе понуди единствени можности за истражување на идните трендови и иновации во е-трговијата, осигурувајќи брендовите да бидат во чекор со дигиталниот пазар.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Фунџо Лама ја врати титулата најбрза жена која се искачила на Еверест

Следно

Канада нареди затворање на две компании поради загриженост за националната безбедност

Latest from Blog

Николоски: Стратешкото партнерство со САД е силно, инфраструктурните проекти се реализираат со одлична динамика

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски денеска оствари работна средба со Никол Варнс, вршител на должноста амбасадор на САД во земјава.  На средбата беше потврдена посветеноста на стратешкото

Коњановски: Младинско катче и кариерен центар за учениците во битолското економско училиште

Учениците во СОЕУ „Јане Сандански“ во Битола добија младинско катче и кариерен центар. Просторот го уредиле самите ученици со поддршка од нивниот професор и координатор Целе Јолевски, а на свеченото отворање присуствуваше

Николоски: Ниските даноци и пристапот до европскиот пазар се предност за јапонските компании

Македонија нуди најдобри и најконкуретни услови за инвестирање во целиот регион. Имаме континуиран раст на БДП, раст на индустријата и единаесет квартали раст во градежништвото. Исто така, даночната политика е најповолна бидејќи

Не дозволувајте да изгубите пари при откупот: СЕКЕ со важни совети за правилно пакување на тутунот

Со почетокот на сезоната за откуп на тутунот, компанијата СЕКЕ упати важни препораки до тутунопроизводителите за правилно пакување и чување на произведениот тутун, со цел да се зачува неговиот квалитет и да

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со
Go toTop