ОЈО покрена истрага против две лица за противзаконито влијание

May 21, 2024
1 min read

Основното јавно обвинителство отвори истражна постапка против активен врховен судија и уште едно лице за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело примање награда за противзаконито влијание од член 359 од кривичниот законик.

Со оглед на тоа што станува збор за судија во највисокиот суд во државата – Врховниот суд кој ужива имунитет, а кој е фатен на лице место во извршување на кривичното дело, предлогот преку Основниот кривичен суд е доставен на одлучување до Судскиот совет кој во текот на ноќта му го одзеде имунитетот, по што денеска Основниот кривичен суд Скопје ќе одлучува за предложената мерка. Во однос на второосомничениот до овој момент доказите не даваат основи за да се предложи најстрога мерка за обезбедување. Истрагата продолжува до целосна проверка на сите околности и наводи.“ информираат од ОЈО.

Претходно, судскиот совет на итната седница му го одзема имунитетот на врховниот судија Наке Георгиев кој вчера беше уапсен поради сомневање за сторено кривично дело „примање награда за против-законито влијание“.

Судскиот совет го одобри неговиот притвор, а го оддалечи и од вршење на судиската функција. Како што соопштија од судскиот совет, на 487-та итна седница, советот расправаше и одлучуваше по барање на основен кривичен суд скопје за одземање на имунитет на судија и за одобрување на притвор на судија. 

„Судскиот совет, го одзема имунитетот на судија на врховниот суд, заради непречено водење на кривичната постапка. Го одобри барањето за одобрување на притвор на судија на врховниот суд поднесено од судија на претходна постапка на основниот кривичен суд скопје и времено го оддалечи од вршење на судиската функција судијата на врховниот суд, до правосилно завршување на кривичната постапка.“ – се наведува во соопштението.

Врховниот судија вчера беше уапсен за примање награда за противзаконито влијание, а како што соопшти полицијата, бил лишен од слобода додека го вршел кривичното дело… Инаку, истражители од обвинителството за гонење на организиран криминал и висока корупција цела ноќ вршеле претреси во зградата на Врховниот суд.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кина: Се надеваме дека МКС ќе биде објективен во однос на Израел

Следно

На кинески интернет само скромно, само пристојно

Latest from Blog

Судија го блокираше обидот на Трамп да го премести седиштето на ФБИ

Судот вчера пресуди дека администрацијата незаконски го отфрлила претходно одобрениот план за изградба на нов комплекс во Мериленд. Станува збор за спор што трае со години, пишува „Еуроњуз“. Локацијата во Гринбелт, Мериленд,

Цела Македонија е со висок индекс за пожари

Според метеоролошкиот индекс на пожар, речиси целата територија на Република Северна Македонија е во зона со висок ризик од пожари (портокалова боја), информираат од Центарот за управување со кризи. Според извептајот, исклучок

Депортиво и Елче ги поделија бодовите

Во единствениот меч од денешката Примера програма екипата на Депортиво Ла Коруња на домашен терен не успеа да ја искористи предноста на својата публика и одигра 1:1, со тимот на Елче. Домаќинот

Русија е во потрага по синот на американскиот министер за здравство- се борел на страната на Украина

Конор Кенеди, кој е правнук на поранешниот американски претседател Џон Ф. Кенеди, се приклучи на Украинската меѓународна легија на самиот почеток на руската инвазија. Неговиот татко, Роберт Ф. Кенеди помладиот, ја презеде

Државата ќе продава скоро 1.000 хаварисани возила – одат на лицитација како старо железо, еве кои се условите за купување

Агенцијата за управување со одземен имот става на продажба дури скор 1.000 хаварисани возила, кои ќе се нудат во еден закупен пакет исклучиво за третман како отпаден материјал. Возниот парк од конфискувани
Go toTop