Денеска и утре нестабилно со пороен дожд

May 21, 2024
1 min read

Денеска попладне и во вечерните часови на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер (над 60 км/час) и појава на град.

Од УХМР најавуваат дека пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме ќе има и утре, особено во источните делови. Потоа во следните два дена ќе преовладува стабилно време.

За време на викендов се очекуваат нови врнежи од дожд.

Во Скопје денеска попладне и во вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а во делови од котлината можна е појава на краткотрајно невреме. Во делови од котлината нестабилно ќе биде и утре.

Од УХМР препорачуваат за поголема внимателност во случај на појава на електрични празнења, како и да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Судија или обвинител – Професии со „пресметан“ ризик

Следно

На Хантер Бајден нема кој да му ги плати адвокатите

Latest from Blog

Таневски: Битола уште еднаш покажа дека е вистински фудбалски град

Селекторот на македонската репрезентација до 21 година, Александар Таневски, упати благодарност до Битола и до навивачите за поддршката која ја доби репрезентацијата на вчерашниот натпревар. Таневски истакна дека атмосферата од трибините им

Димитриеска-Кочоска: Ги отвораме вратите за нови инвестиции и економско поврзување со Шведска

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска оствари средба со амбасадорот на Кралството Шведска во земјава, Ола Сулстром, на која било разговарано за унапредување на соработката меѓу двете земји. Како што информира Димитриеска-Кочоска, фокусот

„WFP“: Гладот ​​се влошува

Јемен се соочува со најтешката ескалација на конфликтот меѓу Саудиска Арабија и движењето Хути, поддржано од Иран, откако примирјето постигнато со посредство на ОН во 2022 година во голема мера ги запре
Go toTop