„Туркиш ерлајнс“ превезе седум милиони патници во април

May 9, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Турскиот национален авиопревозник „Туркиш ерлајнс“ превезе седум милиони патници во април, што е зголемување за 6,9 отсто во споредба со претходната година, се вели во соопштението објавено денес од Турската платформа за објавување на јавни податоци, јавува Анадолу.

Авиокомпанијата забележа раст на бројот на патници на меѓународни линии за 4,5 отсто, достигнувајќи 4,3 милиони во април, а бројот на домашни патници е зголемен за 11 отсто на 2,8 милиони во истиот период.

Факторот на оптоварување, односно зафатеноста на седиштата, се зголеми на 80,7 отсто во текот на минатиот месец, 86,5 отсто кај домашните летови и 80 отсто кај меѓународните летови.

Количината товар и пошта што ја транспортира компанијата се зголеми за 34,4 отсто на годишно ниво на 162.483 тони.

Во периодот од јануари до април авиокомпанијата превезувала 25,5 милиони патници, што претставува раст од осум отсто во однос на минатата година.

„Зафатеноста на седиштата достигна 80,5 отсто во првите четири месеци од годинава“, се наведува во соопштението.

Превезениот товар и пошта се зголемени за 35,1 отсто на околу 640.041 тон во периодот од јануари до април.

„Туркиш ерлајнс“ лета до 341 дестинација со својата флота од 455 авиони, вклучително патнички и товарни авиони.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пленковиќ: Веќе имаме 76 потребни потписи

Следно

Одбележување на 9 мај, Денот на победата над фашизмот и денот на Европа

Latest from Blog

САД подготвуваат копнена офанзива против Иран?

 Американскиот претседател и натаму тврди дека преговорите со Техеран добро напредуваат, Иран категорично негира, а разногласијата повторно ја вивнаа цената на нафтата на 110 долари за барел, особено по информациите дека Пентагон

Димитриевски: Прагматично зголемување на минималната плата и цврста линија за ЕУ и уставните измени

Претседателот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски, оцени дека минималната плата треба да се зголеми, но тоа да се направи врз основа на договор меѓу работодавачите и синдикатите, водејќи сметка

МБИ10 со пад од 0,16% – Комерцијална банка и Алкалоид најтргувани на денешната сесија –

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На берзанската сесија од 27 март 2026 година, индексот МБИ10 забележа пад од 0,16% и заврши на 9.932,53

Ливерпул продолжува да се потпира на Арне Слот

фото: Liverpool France (X) Добро познатиот новинар Дејвид Орнштајн коментираше за иднината на менаџерот на Ливерпул, Арне Слот. „Сите наши информации, и покрај некои спротивни извештаи, се дека Ливерпул се потпира на
Go toTop