Кралица на трпезата: Направете ја денес највкусната погача за утрешниот велигденски ручек

May 4, 2024
2 mins read

Домаќинките многу добро знаат дека празничната трпеза мора да биде богата и подготвена со љубов.

Многубројните обичаи се поврзани со подготовката на семејниот ручек во пресрет на Велигден, а тоа е времето кога семејството се собира на иста трпеза.

Велигденската гозба дефинитивно не е целосна без вкусниот леб кој што се меси на Велика Сабота.

Погачата направете ја по наједноставниот рецепт што го правеле нашите баби, а чиј вкус и мирис многумина ги враќаат во детството.

ПОТРЕБНО ВИ Е:

250 мл. млеко

600 гр. пченично брашно (тип 400)

25 гр, квасец (1 коцка)

100 гр. путер

2 јајца

1 лажичка шеќер

1 лажичка сол

1 лажичка оцет

Подготовка:

Велигденската погача традиционално се подготвува во форма на плетенка, а од обичната се разликува по воздушната конзистенција на тестото, кое по печењето добива убава златна кора, а внатрешноста е толку мека што се топи под непцето.

Еве чекор-по-чекор водич како да ја направите најубавата велигденска погача:

Најпрво измешајте го квасецот во топлото млеко, потоа додадете шеќер и неколку лажици брашно, па оставете ја смесата 10 до 15 минути. Додадете путер, јајце и оцет. Со силни движења замесете тесто.

Потоа додека го месите тестото постепено посолете и додадете го брашното додека не добиете тесто кое е уште лепливо, но доволно густо за да можете да го префрлите на работната површина.

Подгответе ја работната површина и врз неа ставете ја добиената смеса, па со силни движења на рацете замесете тесто, да не се формираат грутчиња.

Потоа префрлете го тестото во сад, а во средината на садот навалете го малку за да проверите дали смесата е доволно стабилна. Ако смесата ја држи формата и не се одвојува од садот (односно не протекува), покријте го тестото со влажна крпа и оставете го да отстои околу еден час. Колку подолго го оставате тестото вака, толку повеќе време ќе има квасецот да реагира, а кората ќе биде помека.

После тоа, можете да посипете малку брашно на работната површина и да го префрлите тестото на масата.

Продолжете со месење на тестото со кружни движења на рацете, притискајќи го со дланките, притоа туркајќи напред со тежина. Вака ќе ги соедините сите состојки во хомогена маса.

Сега доаѓа најважниот и во исто време најтешкиот дел. Процесот на обликување.

Подготвеното тесто поделете го на 3 еднакви делови.

Две истегнати ленти премачкајте ги со растопен путер, па преплетете ги една врз друга за да формирате круг. Може да користите и обрач околу тестото, доколку сакате обичен круг при печењето.

Третиот дел треба да се развлече, но малку пократок од претходните делови. На долниот крај на тестото, треба да направите неколку мали засеци (по еден на неколку сантиметри).

Расукајте го тестото во сукало и ставете го на средината на претходно подмачканата тава, така што исечоците се одозгора. На овој начин тие ќе формираат роза. Ставете ја вашата плетенка околу тестото.

Намачкајте ја кората со изматено јајце за да биде дополнително мека и сочна. Можете исто така да посипете сусам, лен или други семиња по ваш избор.

Ако сакате, можете да оставите место за јајце во средината. Ако се одлучите за варено јајце, можете веднаш да го ставите бидејќи ќе се испече заедно со лебот. Можете исто така да скршите јајце во средината на тестото, околу 10 минути пред да се испече погачата – само треба претходно да направите доволно длабока дупка во средината.

Велигденската погача се пече 30 минути на 200 °C, односно додека кората не ја добие карактеристичната златна боја.

Можете да направите и проба со прободување на тестото со чепкалка за заби – ако остане малку смеса на чепкалка за заби, кората треба да се пече дополнителни 5 или 10 минути.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

БИТОЛА СЛАВИ НОВ СПОРТСКИ УСПЕХ: ФК Пелистер се враќа во Првата лига

Следно

Во Тетово собраќајната култура многу ниска

Latest from Blog

„Стандард и Пурс“ го потврди кредитниот рејтинг на Македонија

3 октомври 2026 година, Скопје– Меѓународната агенција за кредитен рејтинг „Стандард и пурс“ го потврди кредитниот рејтинг на земјата ББ- со стабилен изглед.  Во најновиот извештај, Aгенцијата оценува дека перспективите за економски

„И Здравје И Работа“: Рударството може да биде мотор на индустриското производство и економскиот раст

Одблокирањето на рударските проекти може да отвори нови можности за инвестиции, вработување и развој на домашната економија Падот на индустриското производство, а особено на активноста во секторот рударство, повторно го отвора прашањето

Општина Битола: ОУ „Гоце Делчев“ доби нови спортски игралишта и осветлување

Нов сјај во центарот на Битола. Светнаа рефлекторите во ОУ „Гоце Делчев“, кое доби нови модерни спортски училишни терени.  Како што веќе информиравме изградени се две повеќенаменски игралишта, едното за мал фудбал

Министерството за транспорт: Новите автобуси ќе имаат 67 патници и мотор од најмалку 350 kW

Од Министерството за транспорт и врски реагираат на споредбите меѓу новите електрични автобуси и претходно набавените автобуси на компримиран природен гас. Оттаму велат дека станува збор за возила со различен тип на

Николоски: Седум милиони евра инвестиции за развој на Струмица

Над 7 милиони евра се инвестираат во Струмица преку проекти реализирани од Министерството за транспорт, со цел подобрување на патната и комуналната инфраструктура и создавање подобри услови за развој на општината. Вицепремиерот
Go toTop