Струшката депонија кај Струга, секоја година расте по еден кат

May 4, 2024
1 min read

 

Охридската депонија Буково и дивата депонија на влезот на Струга, останува темпирани еколошки бомби и сериозна опасност по здравјетго на граѓаните. Иако со години се ветува решение на овој сериозен проблем, сето тоа останува само на хартија и празни зборови. Еколошките активисти постојано алармираат на сериозните последици од нив. Се уште актуелниот градоначалник на Струга, Рамиз Мерко, уште во својот претходен мандат ветуваше дека депонијата ќе биде затворена,а отпадот ќе се носи на друга локација. Но од тоа останаа само зборовите.

„Депонијата се уште функционира и таму се одлага отпад.Според некои податоци кои ги имаме, околу 40000 тони годишно се одлага.Во последните три години што не се решава тој проблем, на таа депонија, се депонирани околу 120000 тони отпад.Тоа би значело дека депонијата секоја година расти по еден кат во градба“, рече Глигорие Ќатоски- граѓански активист од Струга.

Охридската депонија покрај за Охрид, е голем проблем и за селата во Преспанскиот регион.

„Најразличен неселектиран отпад гори и предизвикува чад и честици, кои доаѓаат во охридскиот дел иако Охрид е на 700 метри надморска височина. Сепак Буково е повисоко и струењето на ветровите можат да предизвикат и тоа загадување да биде и во Охрид. Горењето на неселектиран отпад како од депонија предизвикува најразлични канцерогени материи“, рече Сашо Точков-Центар за јавно здравје-Охрид.

Охрид со години особено во текот на летните месеци се дави во чадот и смрдеата кои се шират од депонијата. Тој е сериозна закана по здравјето на луѓето. Неодамна во ноќните часови од страна на непознат сторител бил подметнат пожар на депонијата.

„Ј.П.„Охридски Комуналец” веднаш го извести и СВР-Охрид за поднесување пријава за подметнат пожар од непознат сторител.Со специјална механизација опожарениот дел од депонијата се покриваше со големи количини земја“, велат од Охридски комуналец.

Потребно е депонијата да биде физички обезбедена, но и да биде оградена за да се спречи влез на луѓе.

„Добро е да има и постојан мониторинг со термални камери, кои работат на инфра црвена светлина и ја мерат разликата на температурата, а кои ќе овозможат брз одговор кога ќе се појават први знаци на пожар и сето тоа да се комбинира со поставување на деектори на чад “, нагласи Ѓоко Зороски-екологист.

Единствено решение на проблемот е изградбата на регионаланата депонија, но засега проектот е само на хартија./Алсат.мк

Мики Трајковски

 

 

 

Извор: alsat.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Републиканци ја забранија Библијата?

Следно

Изјавата на Бајден дека Јапонија е „ксенофобична“ предизвика разочарување во јапонската влада

Latest from Blog

Валверде после тепачката заминува во Премиер-лига?

фото: Elite Futbol Talk | EFT (X) Манчестер Јунајтед размислува за изненадувачки трансфер за играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Федерико Валверде, чија иднина во шпанската престолнина стана многу неизвесна. Уругвајскиот

Николоски: Инвестициите во Коридорите 8 и 10 ќе ја поврзат Македонија со регионот и ќе донесат силен економски развој

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски денеска на два одвоени форуми „Македонија 2025“ и Македонско-Албанскиот бизнис форум ги презентираше клучните инфраструктурни проекти, инвестициите и нивното економско влијание врз државата

Поранешна фудбалерка стана прв спортски директор на Бундеслигаш

Поранешната професионална фудбалерка Кетлин Кригер ќе стане нов спортски директор на бундеслигашкиот клуб Хамбургер , наследувајќи го Стефан Кунц. Клубот од Северна Германија го објави ова во вторник. Хамбургер не ја откри
Go toTop