Ердоган: „Владата на Нетанјаху излезе од контрола поради безусловната поддршка на Западот“

May 4, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Единствена цел на Туркије во прекинот на трговијата со Израел е да се присили Тел Авив да прогласи прекин на огнот во Појасот Газа, изјави вчера претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, известува Анадолу.

„Наша единствена цел е да ја присилиме на прекин на огнот Владата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, која излезе од контрола поради безусловната поддршка на Западот“, рече Ердоган во своето обраќање пред членовите на Здружението на независни индустријалци и бизнисмени во Истанбул.

Ердоган ја коментираше и одлуката што во четвртокот ја објави Министерството за трговија на Туркије дека Анкара ги запрела сите извозни и увозни активности со Израел поради агресијата врз Палестина.

Уште еднаш критикувајќи ги западните држави поради поддршката на Владата на Нетанјаху, Ердоган порача дека очекува дека овие земји силно ќе ја критикуваат Туркије поради нејзината одлука.

„Свесни сме дека Западот ќе нѐ нападне поради нашите трговски ограничувања кон Израел“, рече турскиот претседател.

Напоменувајќи дека сепак Туркије ќе биде пример и за другите земји во регионот, Ердоган додаде:

„Кога ќе се постигне прекин на огнот и ќе се овозможи испорака на доволно количество помош во Газа, нашата цел ќе биде исполнета. Туркије ќе биде пример и за другите земји.“

На крајот од својот говор Ердоган повика на воздржаност и смиреност во регионот.

„Не тежнееме кон непријателство или судири со ниту една земја во нашиот регион. Не сакаме да гледаме судири, крв и солзи на нашето географско подрачје“, порача Еродган.

Претседателот на Туркије претходно во петокот информираше дека неговата Влада ја прекинала сета трговија на Туркије со Израел, која изнесува околу 9,5 милијарди долари (8,82 милијарди евра) годишно.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Променливо облачно, наместа со повремени врнежи од дожд

Следно

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Latest from Blog

Николоски: Инвестициите во Коридорите 8 и 10 ќе ја поврзат Македонија со регионот и ќе донесат силен економски развој

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски денеска на два одвоени форуми „Македонија 2025“ и Македонско-Албанскиот бизнис форум ги презентираше клучните инфраструктурни проекти, инвестициите и нивното економско влијание врз државата

Поранешна фудбалерка стана прв спортски директор на Бундеслигаш

Поранешната професионална фудбалерка Кетлин Кригер ќе стане нов спортски директор на бундеслигашкиот клуб Хамбургер , наследувајќи го Стефан Кунц. Клубот од Северна Германија го објави ова во вторник. Хамбургер не ја откри

„Златната купола“ на Трамп ќе чини 1,2 билиони долари, тој најави дека ќе биде далеку поевтина

Планот на претседателот Доналд Трамп за поставување оружје во вселената, програмата за ракетна одбрана позната како „Златната купола на Америка“, ќе чини околу 1,2 трилиони долари во текот на 20 години, според
Go toTop