ПРКОС: Градинарска билка која цвета преку цело лето, а кога е облачно се затвора

May 3, 2024
1 min read

Доколку овој цвет го посеете денес, за еден месец ќе имате полна градина со весели цветови

Какво друго име може да има цветот којшто поднесува и суша и жешко време, доколку не е пркос.

Пркосот ова име го добил затоа што им одолева на неповолните услови за живот, а цвета непрекинато од јуни до првите студени месеци.

Колку помалку го негувате толку е поубаво и порасцветано. Може да цвета во саксии на тераса, во градина.

Поволно време за садење пркос од семки или садници е март и април. Ова цвеќе може да се одгледува и во саксии, но и во вашата градина.

Единствено што е неопходно е да му обезбедите добра дренажа. Доколку го садите во саксија на самото дно ставете му мала количина песок. Полевајте го ретко, евентуално во текот на летото.

Ова растение самото се размножува. Во градината кога ќе падне семето кое може да ги преживее зимските услови, пркосот ќе порасне и наредната година, само малку подоцна, во текот на месец мај. Доколку некој сака да го искорени ова растение настанува мал проблем затоа што потребни се неколку години за да се искорени до крај.

Не постои личност на која одгледувањето на ова растение не му успеало. Неговите цветови се отвораат со првите зраци на сонцето, а се собираат кога ќе падне мракот.

Цветовите се еднобојни или шарени во разни бои: бели, жолти, портокалови, розови, црвени, виолетови.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Лазаров: Имаме млада, но талентирана репрезентација која е се подобра и подобра

Следно

Ахмети: Албанците и ЕУ го чуваат македонскиот идентитет!

Latest from Blog

Нов потег на Путин: Русите вежбаат со Кинезите, пристигна нуклеарно предупредување

Путин го посети воениот полигон во регионот Чељабинск за да ја следи завршната фаза од вежбата „Центар-2026“. Вежбата се одржа во склоп на вежбата „Интеракција-2026“, спроведена од членките на Организацијата на Договорот

Муслиу згреме: Не оди повеќе вака, репрезентацијата не е зае*анција

Еден од поискусните во македонскиот состав, дефанзивецот Висар Муслиу беше разочаран, но и лут по поразот од Шкотска. Муслиу потенцираше дека некои работи веднаш мора да бидат променети. Сите фудбалери, почнувајќи од

Мечки влегуваат во дворови во Русија: 16 лица загинаа за еден месец

Најтешко погоден е огромниот регион Краснојарск во централен Сибир, каде што оваа година седум лица ги загубиле животите во напади од мечки. Руското Министерство за природни ресурси и животна средина наведува дека
Go toTop