Една година од масакрот во “Рибникар“

May 3, 2024
1 min read

Сирена во 8:41 часот утрово, што го означува времето кога малолетниот ученик Коста Кецманович почнал да пука во училиштето Владислав Рибникар во Србија и уби девет соученици и чуварот на училиштето.

Во знак на сеќавање на големата трагедија пред една година беше пуштена сирена, а српските медиуми утрово ја прекинаа телевизиската и радио програма точно во моментот кога пред една година почна крвавиот пир. Со тоа и официјално почна комеморативниот ден, што се одбележува под слоганот „Будење“.

Пред училиштето дојдоа родителите на убиените деца, а се собраа и голем број граѓани, пријатели, роднини на жртвите, за да им оддадат почит. На влезот во училиштето поставена е ликовна инсталација „Вел на плачот“, на која се испишани имињата на жртвите, а граѓаните во спомен на загинатите ќе можат да поминат низ таканаречениот „простор на тишината“, кој зафаќа неколку улици и дел од Ташмајданскиот парк.

Прозорците и фасада во делот од училишната зграда каде се случи убиството се покриени со бело платно на кое се нацртани сини птици. Српскиот патријарх Порфирије по повод една година од трагедијата порача дека мора да се бориме за подобар свет, но не со враќање на насилството со насилство. Архитектот Братислав Тошковиќ, претставник на Мултидисциплинарниот тим, вели дека темата ги вовлекла во емотивен виор и дека почнале да размислуваат како да додадат уште многу симболични значења.

Нема да навлегувам во детали, но сигурно ќе видите кога ќе бидете таму дека тоа не е само место каде што се положуваат цвеќиња и каде се сеќаваме на жртвите, туку навистина е болна точка во градот што го доби својот облик и ќе останете таму додека Меморијалниот центар не ја добие својата физиономија.

Претставници на Владата на Србија, предводени од премиерот Милош Вучевиќ, положија цвеќе и запалија свеќи оддавајќи им почит на загинатите во основното училиште. На починатите им се поклони и претседателот на Србија Александар Вучиќ. 

– Пред точно една година осамна последното училишно утро за нашите девет ангели и човекот кој ги чуваше и татковски се грижеше за нив. Помина една година од невидената трагедија која остави неизбришлива лузна на душата на целата земја, но болката, неверувањето и неизмерната тага не поминаа. – изјави Александар Вучиќ претседател на Србија.

Убиецот Коста Кецмановиќ една година е во ментална установа, а поради возраста злосторството кое го стори не може да му се смета за кривично дело. Против родителите на малолетниот Кецмановиќ, Владимир и Миљана Кецмановиќ поведени се кривични и пет граѓански постапки.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Косовското МНР потврди дека на директорот на српската Канцеларија за Косово му е забранет влезот во Косово за Велигден

Следно

Непречен сообраќај денеска на мостот Беласица

Latest from Blog

Нова урбана зона во Битола – конкурс за најдобро идејно решение

Основна цел на конкрсот е да се добие квалитетно урбанистичко – архитектонско и пејсажно решение за нова спортско-рекреативна зона во АРМ – Битола, со компатибилни мали комерцијални и деловни намени, следејќи ги

Сeјфулаху: Кризата на Блискиот Исток и глобалното влијание – психолошка перспектива

Тензијата на Блискиот Исток и нејзините ефекти врз глобалната економија, особено во секторот на нафта и енергија, создадоа бран на несигурност и анксиозност кај луѓето ширум светот. Зголемувањето на цените, економската нестабилност

САД подготвуваат копнена офанзива против Иран?

 Американскиот претседател и натаму тврди дека преговорите со Техеран добро напредуваат, Иран категорично негира, а разногласијата повторно ја вивнаа цената на нафтата на 110 долари за барел, особено по информациите дека Пентагон

Димитриевски: Прагматично зголемување на минималната плата и цврста линија за ЕУ и уставните измени

Претседателот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски, оцени дека минималната плата треба да се зголеми, но тоа да се направи врз основа на договор меѓу работодавачите и синдикатите, водејќи сметка
Go toTop