ОВАА ДРЖАВА СЕКОГАШ ГО ПРАЌА НАЈДОБРОТО: Сексапилна пејачка во кратко фустанче ја запали сцената на Евровизија на пробата, 2 милиони прегледи за 24 часа! (ВИДЕО)

May 2, 2024
1 min read

Првите проби за овогодишната Евровизија се направени. Главните фаворити за Евровизија, Бејби Лазања и Нем, сите ги фалат откако беа објавени видеата од пробите.

Но, се случило и едно неочекувано изненадување.

Претставничката на Грција, Марина Сати, воодушевила на пробата, па сега фановите на Евровизија зборуваат за неа. Марина се натпреварува со песната „Zari“, а настапот бил збогатен со танцова кореографија. Моментално таа се наоѓа на осмото место на евровизиските обложувалници.

Настапот на грчката претставничка ги спојува традиционалите грчки елементи со модерните, урбани визуелни идеи. Марина, која на себе носи виолетово здолниште, била придружена од четири танчари на сцена кои изведувале точка инспирирана од уличниот танц. Зад нив има неонски графити кои ја осветлувале салата.

Видеото од нејзината проба за еден ден добило 1.7 милиони прегледи и над 170 илјади допаѓања. Твитер, Инстаграм и ТикТок се преполни со коментари, а ова се дел од нив:

„Кралица“, „Сепак, дали таа ќе биде победничката на Евровизија 2024?“, „Сите длабоко во себе знаат дека таа ќе победи“, „Швајцарија, Хрватска, Италија… Мислам дека ќе почекате уште некоја година за да победите“, „Ова е топ три сигурно“, „Атина, 2025“, „Доколку не победи, ќе престанам да гледам Евровизија“.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

ДИК: Легитимноста и транспарентноста на изборниот процес не смеат да бидат нарушени

Следно

Пленковиќ тврди дека се обезбедени 83 пратеници, но дека преговорите се уште траат

Latest from Blog

Потпишување на договор за стратешкиот тунел меѓу Ѓуешево и Деве Баир

Во четврток, министрите за транспорт на двете земји, Александар Николоски (РСМ) и Гроздан Караџов (Бугарија), ќе потпишат договор за подготовка и изградба на меѓуграничен железнички тунел долж Коридорот VIII, информираат од македонското

ВЛЕН: За ДУИ власта беше кислород – сега се гушат во поразот

Коалицијата ВЛЕН оцени дека раководството на ДУИ се наоѓа во „политичка паника“ по локалните избори и дека, како што наведуваат, обидот да се претстави референдумската иницијатива како патриотска кауза не успеал кај

Дрон го наруши воздушниот сообраќај на аеродром во Германија

Неидентификуван дрон предизвика прекини во сообраќајот на аеродромот во Хановер синоќа, соопшти германската федерална полиција. Неколку авиони беа пренасочени, а летовите беа накратко целосно прекинати, објави германскиот NDR. Портпаролот на полицијата изјави
Go toTop